МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Аларм за природата 2018

 

Аларм за природата 2018

 

   Од 27 јуни до 1 јули 2018 година во кампот Ливадиште во Струга се одржа еко-музичкиот фестивал „Аларм за природата“.
   „Аларм за природата“ е иницијатива за обединување на силите на зелената армија, музиката и уметноста, образованието и студентските организации, науката и технологијата, владините и невладините организации, млади и стари, СИТЕ во заедничка акција за соочување и решавање на проблемите со животната средина. Основната идеја е да се популаризира концептот за обновување и зачувување на животната средина, да се разбуди чувството на поврзаност и меѓузависност помеѓу човекот и животната средина и свесноста за моќта на индивидуалното влијание врз природната околина и тоа преку активности и кои се интересни и атрактивни за младите.
   Освен музичката програма на која настапија „Conquering Lion“, „Милко“, „Културно уметнички работници“,  Мухамед Ибраими, „Мугер Фугер“, Rootboy selector…имаше  еко акции, презентации, разни предавања, ликовна колонија со слики за чиста животна средина, еколошки тимски предизвици, слем поезија итн.

   Учениците од Гимнзизијата „Мирче Ацев“ од Прилеп беа дел од овој голем настан. Стојаноска Ивана, Божиновски Васко, Луческа Јана, Милески Мартин, Насеска Михаела, Барлакоски Леонид, Тасеска Милена, Божиноска Катерина и Тошеска Симона, ученици од трета година, учествуваа со една работилница и една презентација. Координатор на активностите од Гимназијата беше проф. Весна Михаиловска во соработка со професорите по странски јазици Кети Ефремоска, Елена Лашкоска Келтаноска, Мирјана Бошкоска, Габриела Пацаноска, педагогот Светлана Барлакоска и професорот по Историја Николче Богданоски.

   Крајната цел на овој еко-фествал „Аларм за природата“  е мотивација за преземање на активна улога во заштитата и зачувувањето на природата и практикување на здрав начин на живот во хармонија со природата. Целта беше постигната. Учениците заминаа со многу впечатоци, иницијативи и идеи за следни активности.


Објавено на: 06 Јул 2018

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија