МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Влијанието на глобализацијата врз мајчиниот јазик

 

Дебата за мајчиниот јазик

   На ден 21 февруари (среда), по повод одбележувањето на Денот на мајчиниот јазик, во просториите на Гимназијата се одржа дебата на тема „Влијанието на глобализацијата врз мајчиниот јазик“
   Дебатата беше организирана од страна на Литературниот сектор при Младинската организација на гимназија „Мирче Ацев“ (МОГМА), под менторство на професорката Емона Јованоска и професорката Кети Ефремоска.
   На почетокот претседателката на Младинската организација при нашата Гимназија, Марија Јованоска, ги поздрави присутните и го означи почетокот на дебатата.
   Учесници на дебатата беа ученици и професори од нашето училиште, а во публиката имаше и ученици од други училишта од градот, студенти, како и родители. Со цел да се слушнат различни ставови и размислувања и на присутните во публиката им беше овозможено да учествуваат во дискусиите на дебатата.

   Тимот на професори беше составен од професорите Николче Богданоски - професор по историја, Зора Тушевска - професор по Вовед во правото и директорот на нашето училиште Димче Настоски, воедно професор по македонски јазик и литература.
   Тимот на ученици го сочинуваа Александар Темелкоски, Ана Плетварец, Марио Велковски и Стефанија Стефаноска.
   Модератор на оваа дебата беше ученичката Ивана Дукоска.
   Скоро два часа учениците и професорите дебатираа на темата и низ интересни примери, го задржаа вниманието на присутните.

 

Текст: Ивана Дукоска
Фотографија: Горан Попоски


Објавено на: 22 Фев 2018

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија