МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

француско знаме На македонски јазик

Франкофонска вечер во Салон 19:19

 

   По повод Месецот на Франкофонијата, Здружението на професорите по француски јазик на Република Македонија во соработка со Националната комисијата за Франкофонија, на 23.03 во Салон 19:19 при Културно - информативниот центар во Скопје, организираше Франкофонска вечер.
   Во пријатна атмосфера, реализирана беше пригодна програма во чии рамки беа доделени награди на победниците од натпреварот во писмен состав „Кажи ми десет збора 2018“, а награди им беа доделени и на најактивните професори за периодот 2016-2018.
   Пофалница за особен придонес во унапредувањето на наставата по француски јазик во промоцијата на францускиот јазик и француската култура во периодот од 2016-2018 год. доби Мирјана Бошковска - професорка по француски јазик во нашата Гимназија.

   Како последна точка од програмата беше изведен монологот „Лора“, чиј автор и режисер е професорот по англиски јазик и драмска уметност Маринко Шлакески, а со ликот на Лора пред публиката се претстави нашата ученичка во трета година Марија Митреска.
   Глумата и драмското дејствие на француски јазик, скоро еден час го задржаа вниманието на публиката која на крајот ја награди Марија со бурен и долготраен аплауз.
   На присутните во публиката кои помалку го познаваат или воопшто не го говорат францускиот јазик, овозможено им беше претставата да ја следат со превод на Македонски јазик. Проекцијата на преводот ја реализира ученичката во трета година Марија Андоноска, а технички тоа го овозможи професорот по историја Николче Богданоски.
   По завршувањето на официјалниот дел од програмата повеќето присутни гости, професори по француски јазик, официјални претставници на Република Франција во нашава држава, учесниците на Франкофонската вечер како и самите организатори на настанот им честитаа на Марија Митреска за одличната глума и за говорењето на францускиот јазик, на професорот Маринко Шлакески, на професорката Мирјана Бошковска и на целиот тим од нашата Гимназија кој ја реализира оваа претстава.

    „Лора“ е современа приказна за една млада жена која живее сама, физички и духовно исцрпена од континуираната несоница предизвикана од постојаното отчукување на нејзиниот стар часовник во дневната соба.
   Нејзините безуспешни обиди да го запре часовникот да отчукува будно се следат од Одделението за Граѓанска Безбедност, кое ѝ испраќа известувања за нејзиното нелојално однесување.
   И покрај заканите, Лора нема да се откаже од својата намера..

   * Монологот „Лора“ во режија на авторот на текстот проф. Маринко Шлакески а во изведба на Марија Митреска доби Специјална награда од градот Стара Загора на XXIV издание на Меѓународниот Фестивал за франкофонски училиштен театар 2017

Уна Николоска и Дарко Јованов „Padam Padam“ - Едит Пјаф Уна Николоска и Дарко Јованов „La Javanaise“ - Серж Гејнсбур Емилија Данилоска
„La vie en rose“ - Едит Пјаф Емилија Данилоска „Le temps des fleurs“ - Далида Поранешните гимназијалци од во публиката Работна фотографија: Последни совети на режисерот пред настапот Работна фотографија: Подготовка на техниката за проекцијата на преводот. Работна фотографија: Марија Андоноска се подготвува за проекција на преводот на монологот Лора. Работна фотографија: Јана Наумоска го тестира фокусот на фотоапаратот. Работна фотографија: Звук и светло од контролната просторија. Одговорната екипа која ја реализира претставата

 

 

Фотографија и видео: Јана Наумоска


Објавено на: 29 Мар 2018

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија