МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

2 х Сребрен + 2 х бронзен медал

Kengur, кенгур

   На 09 јуни 2018 год. на Универзитетот ФОН се одржа Финален круг на Кенгур2018, натпревар на кој право на учество имаа сите натпреварувачи коишто на овогодинешниот натпревар Кенгур се здобија со награда. На натпреварот во кој владееше бравурозна атмосфера учествуваа стотици натпреварувачи од многу основни и средни училишта од целата држава, меѓу кои и шестмина од нашата гимназија. На натпреварот гимназијалците од Прилеп под водство на проф. Гоце Ѓорѓиоски учествуваа во двете најтешки категории и тоа Јуниор и Сениор. Сепак тие не дозволија да ги надвладее притисокот кој го носи самиот меѓународен натпревар и постигнаа одлични резултати:

  • Ѓорѓи Коцески од III година под менторство на проф. Маријана Спиркоска освои сребрен медал.
  • Ана Георгиеска од III година под менторство на проф. Маријана Спиркоска освои сребрен медал.
  • Леонид Барлакоски од III година под менторство на проф. Маријана Спиркоска освои брознен медал.
  • Александар Тркалески од I година под менторство на проф. Антонија Гическа Петкоска освои бронзен медал.

Марко Илиоски од I година под менторство на проф. Антонија Гическа Петкоска освои пофалница.
Кристијан Селчанец од I година под менторство на проф. Калина Секулоска освои пофалница.


Објавено на: 23 Јун 2018

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија