МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Поетска вечер на странски јазици
„Љубовен колаж во четири бои“

 

Поетска вечер на странски јазици

   Крајот на учебната година е момент кој е очекуван од учениците, а останува запаметен ако постои причина за тоа. Нашите гимназијалци, дефинитивно добија вистинска причина за паметење со реализацијата на поетската вечер на странски јазици „Љубовен колаж од четири бои“.
   Во организација на Литературниот сектор при Младинската организација во нашето училиште, под менторство на професорите по странски јазици: Кети Ефремоска, Елена Келтаноска Лашкоска, Мирјана Бошковска, Габриела Пацаноска, Мимоза Конеска, Стевка Небрежанец, професорот по македонски јазик и литература Дарко Ристески, како и професорката по музичка уметност Татјана Ивановска.

   Поетската вечер се одржа на ден 07.06.2018 (четврток) во Арт кафе – Апореа каде и овојпат присутните уживаа во стиховите на талентираните рецитатори, а задоволството беше дополнето со музички изведби од страна на нашите музичари. Рецитатори беа учениците: Теодора Крстеска, Валерија Глигороска, Ивона Преспаноска, Ана Петреска, Ангела Милошеска, Давид Стојаноски, Димитар Шопески, Сара Атанасоска, Ивана Тодороска, Деспина Башеска, Елена Соколоска, Стефана Џамбазовска, Јана Аџиоска, Наум Ѓорѓиески, Лиле Јованоска, Веселина Јованоска, Марија Ацеска, Елена Трајческа, Сара Нинеска, Ева Спиркоска, Елена Ангелеска, Марија Димеска, Марија Трајкоска, Вероника Кукеска, Михаела Димеска и професорката по македонски јазик и литература Емона Јованоска.

   Поетската вечер со прекрасни музички мелодии ја збогатија Ведрана Петреска, Ангела Зероска, Теодора Димеска, Ивана Наумоска, Тереза Пипиџаноска, Афродита Јовеска, Кирил Кузманоски, Андреј Јовановиќ и Христина Трајкоска.

   Настанот беше исполнет со стихови и музика, кои се вметнати длабоко во нас, кои создаваат енергија и топлина која сеуште силно блика. Учениците вешто ги покажаа своите таленти и се претставија во најдобро светло.

 Текст: Ивана Дукоска

Фотографија: Христијан Николоски
Организациско-техничка поддршка: Тони Сваќароски


Објавено на: 11 Јун 2018

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија