МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

НА ТРОНОТ НА ОДБОЈКАРСКАТА СРЕДНОШКОЛСКА ЛИГА

Шампиони одбојка

   Спортски Прилеп после долго време доби свои ОДБОЈКАРСКИ шампиони!

   Во вторникот, на 24.04.2018 во спортската сала на СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица, се одигра Финалниот натпревар од Државната средношколска лига. Финалето го играа ученичките од екипата на нашата гимназија „Мирче Ацев“ против екипата на средното училиште „Раде Јовчевски-Корчагин“ од Скопје. Натпреварот заврши со 2:0 во корист на екипата од  СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп.

   Ученичките од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“, предводени од абициозниот и енергичен тренер и професор по спорт Орде Цветаноски застанаа на врвот на средношколската лига на Македонија, со импресивен резултат.
   Гимназијалките ја завршија сезоната со 100% успех односно без пораз!
   На одбојкарската арена паднаа противници кои доаѓаа од традиционално силни одбојкарски школи, паднаа струмичанките од „Јане Сандански“, скопјанките од „Раде Јовчески-Корчагин“ и „Никола Карев“, кумановките од „Гоце Делчев“...
   Сѐ на сѐ огромен успех на нашите млади надежи кои покажаа дека и со скромни услови, но со голема посветеност и љубов може да се застане највисоко на пиедесталот.
   Сите одбојкарки на чело со професорот ги заслужуваат сите честитки со надеж и обврска да продолжат со напорната работа за повторно да се радуваме и да се надеваме дека одбојката ќе го заземи своето заслужено место во екипните спортови во Прилеп.

   Уште еднаш честитки за овој спортски подвиг за гимназијалките од Прилеп.


Одбојкарките и тренерот на прием кај директорот на гимназијата, Димче Настоски

   Девојки, бидете горди, сега сте шампиони!


Објавено на: 02 Мај 2018

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија