МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Одбележување на Патрониот празник

 

patronat 2018, патронат 2018, Мирче Ацев

   И оваа година, на четврти јануари, гимназијата „Мирче Ацев“ реализира низа активности со кои го одбележа својот Паронен празник.

   Активностите започнаа со полагање на цвеќе на Могилата на непобедените и на Алејата на хероите и давање на почит на Мирче Ацев и загинатите борци за слобода на македонскиот народ.

   Потоа делегации од Гимназијата, Локалната самоуправа, Гарнизонот „Мирче Ацев“ и Сојузот на борците положија цвеќе на бистата на Мирче Ацев во гимназискиот двор.

   Чествувањето продолжи во прилепската касарна „Мирче Ацев“ каде исто така беше положено цвеќе на бистата на херојот. Таму учениците од гимназијата се претставија пред присутните гости и пред војниците од гарнизонот со пригодна програма од музички и рецитаторски точки, по што за гостите и учениците имаше организирано разгледување и запознавање со дел од вооружувањето и опремата на Армијата на Република Македонија.

   Вечерта, во театарот „Војдан Чернодрински“ Гимназијата приреди свечена академија. На академијата на почетокот обраќање имаше директорот на училиштето, Димче Настоски, а потоа и градоначалникот Илија Јованоски, по што следеше пригодна програма подготвена и реализирана од нашите ученици и професори.

   На академијата настапи училишниот хор под менторство и диригентство на д-р Татјана Ивановска, кој се претстави со хорските изведби на Химната на Република Македонија, песните „Две лири“ и „Месечина“ и спиритуалот „Soon I will be done“.
   Евгениј Темелкоски  и Александра Илиеска со точката „Љубов, борба, живот“ не запознаа со животот и делото на Мирче Ацев. Ментор им е проф.Емона Јованоска.
   Стефанија Стефаноска  и Марио Велковски настапија со „Кога љубовта пристигнува“. Ментор им е проф. Мартин Наумоски.
   Со музичката точка „Resiste!“ (Бори се!) на француски јазик се претставија Анастазија Христоска, Ангела Зероска, Марија Андоноска и Ведрана Петреска. Ментор им е проф.Мирјана Бошковска.
   Михаиловска Елеонора, Неделкоски Иван, Митревска Леона и Милески Мартин се претставија со поетски разговори на тема „Љубов“.  Ментори им се проф. Весна Михаиловска и проф. Лидија Тошеска.
   Следуваа неколку музички точки и тоа: Деспина Јованоска ја пееше песната „I have nothing“; Тумбоски Никола на кларинет и Ристеска Мила на флејта се претставија со изведба на „Sicret garden“; Антонио Николоски ја отпеа песната „Кажи ми кажи“; Теодора Димеска придружувана од Кирил Кузманоски на гитара ја испеа песната „Не заборавај“. Андреј Танески и Бранислав Попоски на гитари, Стефан Костоски на клавијатури и Илија Бозоски на труба инструментално ја интерпретираа песната „Stand by me“. Ментор на сите споменати музички точки им е проф. д-р. Татјана Ивановска.

  Координацијата на активностите за одбележување на Патрониот празник беше на проф. Емона Јованоска.
  Сценографија беше на проф. Марта Макеска и проф. Александар Џинго.
  Техничката и организациската поддршка во активностите со кои се одбележа Патрониот празник беше на проф. Николче Богданоски

  Претходно, во рамките на одбележувањето на Патрониот празник реализирани беа спортски натпревари, ликовна изложба и поетска вечер.

Фотографија: Горан Попоски


Објавено на: 08 Јан 2018

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија