МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Втора интеркултурна размена во Троген, Швајцарија

  швајцарија

  Оваа учебна година, нашето училиште по вторпат пат беше вклучено во интеркултурната размената во Детското село Песталоци, во Троген, Швајцарија. И овој пат групата беше составена од осум ученици (Миа Велјаноска, Мила Ѓорѓиоска, Марија Тодеска, Мери Стојаноска, Ана Плетварец, Димитар Шопески, Христијан Хронески, Ненад Смилески) беше придружувана од еден супервизор (Кети Ефремоска), присуствуваше на размената од 23-ти април до 7-ти мај 2018 година.
Групата имаше четири партнерски училишта од Македонија, и тоа од Гостивар, Охрид, Куманово и Струга – кои учествуваа со по една група придружувана од еден супервизор. Партнер држава овој пат беше Молдавија.
   Групата од Прилеп беше сместена во куќа број 4, заедно со групите од Струга и Охрид.
   Од понеделник до петок, два пати дневно по три часа, односно 6 часа вкупно, учениците посетуваа настава на различни теми кои се во склоп на Конвенцијата на правата на децата, како Идентитет, Антидискриминација, Интеркултурна комуникација.
   Учениците имаа и активности во куќата околу храната и одржување на хигиената, додека слободното време го користеа за забава, рекреација и дружење во Младинскиот клуб, во Спортската сала и во собите за рекреација во куќите каде што беа сместени.
   Во текот на викендите беа реализирани екскурзии низ градови и места во Швајцарија, како: Цирих, Луцерн, Сент Гален, „Технорама“ – музеј на природните науки, Водопадите на Рајна и планината Сантис на Алпите.
   За време на престојот учениците од двете партнер држави ги претставија своите училишта и држави со видео презентации, традиционална храна, видеа, презентации за градовите и училиштата, фолклорни настапи и музички изведби.
   Размената се одвива како дел од проектот „Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија“ кој е под покровителство и поддршка на Коалиција на малдински организации СЕГА. Гимназијата исто така го спроведува и моделот Дете – правобранител од 2016 година.
   Чест и задоволство беше да учествуваме на ваква интнеркултурна размени и се надеваме на уште многу вакви посети во иднина. Бидејќи сликите зборуваат погласно од зборовите, погледнете ги фотографиите кои ќе ви пренесат дел од атмосферата во Детското село.

 


Објавено на: 10 Мај 2018

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија