МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Поезија во чаша

 

Поезија во чаша

   Ноќ за уживање.
   Оваа прва реченица беше најчест коментар по синоќешниот поетски музички настан насловен како „Поезија во чашa“ одржан  на 14.02.2017 во кафе  Вирус.
   Овај настан, веќе традиционален, изобилуваше со емоции, убава музика и насмевки на сите присутни. Самиот настан беше различен од сите  други затоа што најголемиот дел од прикажаното почнувајќи од постерот, рецитацијата и поезијата беа лични дела на нашите ученици.

   За постерот се погрижи Марија Ристеска I-4. Солисти на вечерта беа  Ивона Нанческа,  Антонио Николоски, Ангела  Зероска,  Теодора Димеска, Стефан Ангелески, Натали Китаноска и Бистра Петреска.
   Музичко-техничкиот дел го реализира Гоце Илиески и Стефан Костоски.

   Рецитаторите се покажаа во вистинско светло. Настапуваа: Александра Илиеска, Стефанија Стефаноска, Теодора Димеска, Афродита Петкоска, Марија  Дисоска, Симона Паскоска, Исидора Стеваноска, Сана Котеска, Евгениј  Темелкоски, Даниела Димитриоска, Тереза Пипиџаноска и Александар Петрески.
   Поезијата и прозата беа дело на нашите гимназијалци: Елена Ристеска, Симона Паскоска, Афродита Петкоска, Исидора Стеваноска, Даниела Димитриоска, Тереза Пипиџаноска  и Теодора Бошкоска.
   Севкупно, ноќ која не се заборава. Ноќ која создаде многу спомени и ноќ која дефинитивно нема да се заборави.

   Кординатори на овој настан беа професорите Мартин Наумоски и Наталија Гарбеска.
   Натанот  беше поддржан од директорот Димче Настоски.

Фотографија: Горан Попоски


Објавено на: 15 Фев 2018

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија