МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Прво место на натпреварот по француски јазик

Прво место по француски јазик

   Ученичката од трета година од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“, Марија Митреска, во саботата на 27.04.2018 год. во Скопје, на Државниот натпревар по француски јазик го освои првото место.
   Натпреварот именуван како „Олимпијади 2018“ е организиран од Здружението на професори по француски јазик во соработка со Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје и со поддршка на Француски институт - Скопје и Националната комисија за Франкофонија.
   Под менторство на професорката по француски јазик Мирјана Бошковска, Марија ги покажа знаењата и вештините во познавање на францускиот јазик во петте подрачја: слушање и разбирање на текст, граматика, писмено разбирање на текст и писмено и усно изразување на дадена тема. Уште еднаш ја покажа нејзината посветеност и љубов кон францускиот јазик и култура .
   Таа се натпреваруваше во категоријата „Класични гимназии“ и убедливо го освои првото место, а во севкупниот пласман во кои беа и билингвалните гимназии според вкупниот број на поени го освои второто место со што обезбеди пласман на Меѓународната олимпијада за француски јазик што ќе се одржи во месец септември 2018 година во Охрид, каде ќе има прилика да се натпреварува со нејзините врсници од многу држави во светот.

   Ова не е прв успех по француски јазик на Марија. Таа со ликот на Лора во истоимениот драмскиот текст и во режија на проф.Маринко Шлакески на меѓународниот театарски фестивал на француски јазик во Стара Загора - Р. Бугарија, доби Специјална награда за драмски лик.
   На фестивалот „Олимпија во Дион“, во Р. Грција истата претставата Марија ја изведе на грчки јазик, а успешно се претстави пред јавноста и во претставата „La linea“ по текст и во режија на проф.Маринко Шлакески, каде драмското дејство е на италијански јазик.

Прво место по француски јазик Марија Митреска


Објавено на: 02 Мај 2018

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија