МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Прво место за писмен состав по француски јазик

   Здружението на професорите по француски јазик на Република Македонија во соработка со Националната комисијата за Франкофонија, на 23.03 во Салон 19:19 при Културно - информативниот центар во Скопје, организираше Франкофонска вечер во чии рамки беа доделени награди на победниците на државниот натпревар за писмен состав „Кажи ми десет збора на сите тонови“ (Dix-moi dix mots sur tous les tons).
   Со својот писмен состав Андреј Стојкоски, ученик во IV-7 во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“, го освои првото место на натпреварот.
   Ментор на Андреј му е професорката по француски јазик Мирјана Бошковска.

francuski-prvo-mesto

   Учениците имаа задача да напишат писмен состав од 350-500 зборови на тема зададена на денот на натпреварот. Во составот требаше да бидат употребени минимум четири зборови од  претходно зададените десет зборови кои се нови кованици.

Овој успех ја продолжува традицијата на успешни настапи на натпреварите по француски јазик на учениците од нашата Гимназија.


Објавено на: 27 Мар 2018

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија