ОДГОВОРИ КОИ ГИ ДАЛЕ РОДИТЕЛИТЕ
Одговори на родителите на поставените прашања. (Одговорите ги пренесуваме во целост, онака како што
ги дале родителите)

8. Дали вашето дете често отсуствува од настава
    Зошто?

Затоа што:
•    е спречено од здравствени причини - одговориле 52 родители
•    не отсуствува - одговориле 10 родители
•    има неоправдан страв од неспремност за да одговара при испитување
•    оди на тренинг
•    доцни на првиот час
•    оди на спортски натпревари
•    има училишни активности
•    има други потреби

9. Дали го оправдувате вашето дете и кога неоправдано отсуствува од часови
   Зошто?

•    неоправдано не смее да отсуствува од настава
•    не, поради нестекнување на лоши навики
•    само поради болест може да отсуствува, а не од друга причина, секој може да научи за преодна
      оценка со малку труд
•    отсуството од часови е најлошо однесување и навредливо спрема професорот и семејството
•    неможност да се извести класниот раководител или професорот
•    никогаш не оправдувам неоправдано отсуство
•    заради одговорноста и обврските кои се негова должност
•    и кога не се спремни за на час не треба да отсуствуваат
•    никогаш генерации наназад вратата после ѕвончето не била заклучена
•    не смее да отсуствува
•    лошо би влијаело на децата доколку го оправдувам ако неоправдано отсуствува
•    па можеби има свои причини
•    само ако се испрашува во ист дена по повеќе предмети
•    редовно присуствува на настава

10. Според вас што треба да се превземе за да се намалат отсуствата на учениците

•    да се мотивираат децата да ја следат редовно наставата
•    да се комуницира со класниот раководител
•    повеќе контрола од родителите - одговориле 24 родители
•    поголемо информирање, да се убеди ученикот дека неоправдано отсуств не е добро
•    помал број на неоправдани да влијае на поведението
•    да се превземат поригорозни мерки
•    да се организира акција „без отсуство од настава“ во кое ќе се вклучат сите фактори
     (класна заедница, младинска организација и др.)
•    да се разговара со децата
•    да постои соработка и доверба помеѓу учениците и професорите
•    тоа е прашање на образовниот систем
•    да им се наметне одговорноста кои тие ја имаат кон училиштето т.е санкции во поблага форма
•    додека сами не се свестат за тоа никој не може да влијае на нив
•    поголема дисциплина
•    учениците да бидат посериозни
•    да бидат поредовни на наставата
•    да се контактира родителот за секое отсуство
•    стварно незнам, тоа го оставам на одговорните лица
 
Анкетата е спроведена на 06.04.2011 година за I и II година, а на 08.04.2011 за III и IV година во
Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп од страна на Зора Присаѓанец училишен социолог и
Младинската организација.

Графичка обработка и поддршка на анкетата:     
проф. Николче Богданоски
ОДГОВОРИ КОИ ГИ ДАЛЕ УЧЕНИЦИТЕ
Средно општинско училиште Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп
Социолошко истражување:
Анкета кај учениците и родителите за отсуствувањето од часовите
Графичка анализа на анкетата.
Ако ти се допаѓа анкетава, кликни “like” !!!
Copyright © 2013 www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.