Baner dolu

Copyright © 2013 www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

HTML Validator CSS

  Домејнот www.gimprilep.edu.mk по иницијатива на професорот Николче Богданоски е регистриран на 27-12-2010 год, а првата насловна страна беше поставена на интернет просторот на 10.01.2011 год.

  Претходно, од 2005 до 2010 год. нашата Гимназија имаше своја веб страна www.mirceacevpp.schools.edu.mk креирана и одржувана од групи на ученици кои го сочинуваа „GIM WEB TEAM“

Stara naslovna

Првата насловна страна на гимназиската веб страна

НАСТАНИ И СОДРЖИНИ СО ПОСТАР ДАТУМ ОБЈАВЕНИ НА ВЕБ СТРАНАТА

Учебна 2010/2011

 

ДЕН НА ДРВОТО 31.03.2011 година

  Во четвртокот, 31.03.2011, во рамките на акцијата "Ден на дрвото" во школскиот двор беа засадени неколку садници, а поголем број на ученици и професори организирано садеа дрвца во близина на с.Алинци.

>> Види фотогрaфии

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ВИРТУЕЛНА КОМПАНИЈА

 Виртуелната компанија на учениците, од проектот по предметот Бизнис, во петокот на 18-ти март 2011 година, на својот штанд, во ходникот на Гимназијата го промовираше својот производ, "Блуза од лименка". Интересот кај учениците и професорите беше голем

>> Види фотографии

 

СИМУЛАЦИЈА "ЕВАКУАЦИЈА ОД УЧИЛИШТЕТО"

  Во понеделникот на 14-ти март, на класниот час во двете смени беше изведена симулација за евакуација од училиштето, во случај на земјотрес, пожар, или друг вид непогода.

  Предпладневната смена (трета и четврта година), училиштето безбедно го напушти за 5 минути, а попладневната смена (прва и втора година) за 3,5 минути.

>> Погледни видео !

 

ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ОДБОЈКА

  Заврши државното првенство во одбојка за ученички од средните училишта во Македонија.

  На натпреварувањето учествуваат шест училишни екипи. Пехарот за освоено прво место, отиде во рацете на одбојкарките на екипата на СОУ "Јане Сандански" од Струмица.

  Второ место освои екипата од СОУ "Ѓорѓи Димитров" од Скопје, а трето место беше екипата на СОУ "Никола Карев" од Скопје.

 Четврто место освои екипата на СОУ "Наум Наумоски Борче" од Крушево, петто место беа одбојкарките од СОУ "Наум Наумоски Борче" од Пробиштип, а нашата екипа го освои шестото место.

 За најдобар играч на првенството прогласена е Павлинка Димитриева.

 За ферплеј екипа прогласена е екипата на нашава Гимназија.

>> Види ги резултатите          Види фотографии>>

 

ВОВЕДУВАЊЕ НА Е- ДНЕВНИК

 Од почетокот на март 2011год, се воведува електронски дневник. Сите класни раководители и сите предметени наставници ќе имаат пристап до Е-Дневникот, и ќе треба редовно да ги ажурираат податоците во истиот.

  Секој предметен наставник ќе има пристап само до графата на предметот кој го предава. Внесувањето на податоците и оценките во Е-Дневникот ќе биде апсолутно исто како и во денешните печатени дневници. Секој класен раководител и секој предметен професор задолжително мора да има своја активна е-mail адреса. Со својата е-mail адреса и со лозинката која ќе ја добие (а потоа и сам ќе си креира лозинка) ќе може да влезе во Е-Дневникот (да се логира).  НАПОМЕНА !!! СЕКОЈ ПРОФЕСОР МОРА ДА ВНИМАВА НА СВОИТЕ ПРИСТАПНИ ПОДАТОЦИ ДО Е-ДНЕВНИКОТ, И ДА НЕ ГИ КАЖУВА НИКОМУ. ВО СПРОТИВНО МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ Е-ДНЕВНИКОТ ДА БИДЕ ПРОВАЛЕН, А ПРОТИВ ПРЕДМЕТНИОТ ПРОФЕСОР ДА БИДАТ ПРЕВЗЕМЕНИ СООДВЕТНИ ЗАКОНСКИ МЕРКИ.

   Со електронскиот дневник, дадена им е можност и на родителите да имаат увид во успехот, редовноста и поведението на своите ученици.

   Сите податоци внесени во Е-Дневникот ги добива директно Министерството за образование и наука.

   За Е-Дневникот може да прочитате и погледнете на следнава веб адреса http://ednevnik.mon.gov.mk  или едноставно кликнете врз сликата десно "Е-Дневник" .

   За конкретното вклучување и работа во Е-Дневникот ќе биде организирана обука за сите професори од Гимназијата, од страна на Анкица Стеваноска Јанческа - професор по информатика.

 

ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК

   21 февруари е Меѓународен ден на мајчиниот јазик. По тој повод, истиот ден од 12:30 до 14:00 ч. во Гимназијата се одржа дебата на тема: Нашето општество се грижи за афирмација на македонскиот литературен јазик.

    Оваа дебата ја организираа Младинската заедница од Гимназијата и учениците што ја посетуваат проектната  активност Дебатен клуб.

   Учествуваа два тима – афирмативци и негативци. Во првиот, своите ставови ги бранеа Емилија, Антонио и Михаил, а во вториот Марија, Ана Марија и Кристијан – сите од III година. Модератор беше Сара Ангелеска од III-5.

   На дебатата како публика имаше ученици од сите години, директорката на училиштето, пет професорки и претставници од локалните медиуми. Дебатерите беа одлично подготвени за темата, располагаа со многу аргументи и докази за одбрана на своите ставови. Водителката одлично се снаоѓаше со двата тима, а и со коментарите на публиката.

    Публиката заинтересирано ја следеше дебатата, учествуваше со свои коментари и се разбира, покажа високо ниво на културно и интелектуално однесување.

   Овој настан покажа дека почесто треба да се организираат дебати, трибини и сл. нешта во Гимназијата. Учениците секогаш се подготвени за предизвик, професорите и директорката им даваат поддршка, а има и заинтересирана публика.

Емона Јованоска

проф. по македонски јазик и литература

 

РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО МАТЕМАТИКА ВО НАШАТА ГИМНАЗИЈА

 Регионалниот натпревар по математика за учениците од средно образование се одржа на 19.02.2011 год.

  Почетокот на натпреварот беше во 10 часот и ќе траеше 150 минути.

 Нашава Гимназија беше домаќин за натпреварувачите од регионот: Прилеп, Крушево, Битола, Ресен, Демир Хисар и Македонски Брод.

 Регионалниот натпревар се реализира во две групи А и Б. Во групата А се натпреваруваа ученици од гимназиско образование, а во групата Б се натпреваруваа ученици од сите останати средни училишта.     

Додека учениците решаваа задачи, за менторите и присутните гости, нашата Гимназија, организираше посета на манастирот Св. Архангел Михаил во Варош, под Марковите кули, а потоа и посета на Могилата на непобедените.

   По организираниот ручек, се пристапи кон прегледување на тестовите и рангирање на натпреварувачите.

   Од нашава Гимназија, најдобри резултати постигнаа Димитриј Мијоски и Ице Ѓуманделоски под менторство на професор Евгенија Нешкоска, Антони Мијоски под менторство на професор Маријана Спиркоска и Виктор Стојчески под менторство на професор Јорданка Чешелкоска.

   Најдобар поединец на натпреварот беше Александар Момировски, ученик во СОУ "Јосип Броз Тито" од Битола, под менторство на професор Наташа Димитровска, кој ги реши задачите без ниедна грешка.

>> види ги резултатите од натпреварот

>> погледни фотографии од натпреварот

 

ЗАПОЧНА ПРОЕКТОТ

"Подобрување на условите за образование во основните и средните  училишта во Општина Прилеп"

   Проектот е аплициран од страна на Општина Прилеп во соработка со училиштата,  на конкурсот објавен од страна на Делегацијата на Европска Унија, од ИПА  програмата. Вкупната вредност на проектот е околу 400.000 €, а средствата се обезбедени од ИПА фондовите на Европската унија.

Во проектот се вклучени 7 училишта од нашата општина и  опфатени се 10 училишни згради.

   Со реализацијата на овој проект ќе се изврши замена на старата столарија со нова, современа, од ПВЦ материјал, со што ќе се обезбедат подобри услови за работа во училиштата ,и ќе се обезбеди и поголема заштеда на енергија.

   Реализацијата на проектот започнува од Гимназијата „Мирче Ацев“, а потоа ќе се одвива во согласност со планираната динамика.

    Со завршувањето на проектот во голем дел ќе се подобрат условите за одвивање на наставниот процес во училиштата, со што уште еднаш докажуваме дека локалната самоуправа главен приоритет дава на образованието и грижата  за децата и учениците, кои всушност се нашата иднина, истакна во своето обраќање градоначалникот Ристески.

преземено од http://www.prilep.gov.mk

 

И ГИМНАЗИЈАЛЦИТЕ ГО ОДБЕЛЕЕЖАА РОДЕНДЕНОТ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ

   Уште еден твој роденден без тебе. Иако не можеме да те видиме и прегрнеме, ние те имаме во нашите срца и си еден дел од нив. Ни покажа на сите што е хуманост, љубов....Ни ги покажа вистинските вредности на животот, и не научи дека секогаш по дождот изгрева сонце...

  По повод твојот роденден нашето училиште СОУ гимназија “Mирче Ацев” организираше хуманитарна продажна изложба.Собраните средства од изложбата ќе бидат  искористени за помош на оние на кои најмногу им е потребна. Изложбата се одржа на 25 Јануари 2011 година во изложбениот салон во центарот на култура “Марко Цепенков”. Изложбата за посетителите беше отворена од 12h  до 17h.

  Идејата за оваа изложба беше на ученичката Надица Корубиноска од I-5 клас и беше поддржана од нашата директорка Весна Михаиловска.

   Главен организатор на изложбата беше професорката по ликовна уметност Виолета Блажеска. За отварањето на изложбата беше прочитан текст по повод роденденот на Тоше, напишан од ученикот од прва година - Филип Димкоски

Еве што, меѓу другото, напиша тој:

   “Како би имало пројателство слога, разбирање и хуманост меѓу луѓето, ако не постои нешто што ќе ги зближи. И ќе се запрашаме, што е тоа што ги зближува? Тоа е ЉУБОВТА. А што е љубов? Љубов значи да се обидеш и на најтврдиот да му го отвориш срецето и да му дадеш се што имаш. Љубовта се состои и во добрината, меѓусебното помагање и хуманоста. А да бидеш хуман значи многу. Да им помагаш на безпомошните, да им дадеш на сиромашните, да ги нахраниш гладните, да им влееш љубов на злите, тоа е хуманоста. Но неможеме да го даваме она што го немаме при себе. За да дадеш љубов најпрвин треба да ја имаш во себе, да ја имаш за себе и дури тогаш можеш да ја делиш со другите. Впрочем тоа е вечната Исусова порака:

,,Сакај го ближниот свој како што се сакаш себеси,,

   Исто така беа изложени креативни цртежи, рачно изработени украсни премети, накит и друго со трудот од ученици од прва(I)  втора(II) и трета (III) година. На изложбата присуствуваше директорката на училиштето, дел од професорите и учениците како и голем број на други посетители.

 

Ангела Златеска  III-6

Мартина Мунеска III-6

ОБУКА

   На 17.01.2011 год. во просториите на нашето училиште се одржа еднодневна обука за примена на електронската апликација за тестирање и анкетирање. Оваа апликација ќе им овозможи на советниците од Секторот за издавачка дејност во Бирото за развој на образованието преку интернет да креираат прашања за анкети, да спроведуваат тестирања, да прибираат податоци од училиштата и други делови на воспитно-образовниот систем.

   Обуката беше организирана од страна на БРО и нашето училиште.

    На истата присуствуваа наставници од сите основни и средни училишта од општинава и од соседните општини Кривогаштани, Крушево, Долнени и Македонски Брод.

gjubre posleden den

ПОСЛЕДЕН ДЕН ЗАЕДНО ВО ГИМНАЗИЈАТА

  Среќни, задоволни и весели матуранти, ги прославија последните заеднички моменти во Гимназијата. Им преостанува уште да ги положат матурските испити. Потоа секој ќе тргне по својот пат.

   Скоро сите матуранти сакаат да се запишат на некој од факултетите. Правен, Филолошки, филозофски, Медицински, Економски, ПМФ, Туризам ....

  Им посакуваме успех во образованието и во животот.

АНКЕТА  

  Погледнете какви одговори дале учениците и родителите во анкетата за редовноста и отсуствата од часовите.

  Анкетата е спроведена од страна на училишниот социолог и Младинската организација.

>>Погледни ја анкетата !

 

СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИТЕ

  На трети август 2011, во спортската сала на Гимназијата, свечено беа доделени дипломите на матурантите кои ја положија матурата и со тоа го завршија средното образование.

  Им посакуваме многу упеси во понатамошниот  живот и образованието.

>> Види фотогрaфии

ПОСТАВЕН КАМЕН ТЕМЕЛНИК

  На неколку дена пред крајот на оваа школска година, во дворот на нашата Гимназија беше поставен камен темелник на ново, повеќенаменско спортско игралиште. На поставувањето на камен темелникот, присуствуваше и владина делегација, претставници од Агенцијата за спорт и млади, градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, делегација на Локалната самоуправа под водство на Претседателот на Советот на оптштина Прилеп Димитар Стевананџија, свештени лица од МПЦ, новинари, граѓани, професори и секако ученици од Гимназијата.

  На местото на старото, уништено и неупотребливо, треба да никне ново современо повеќенаменско спортско игралште.

>> Види фотогрaфии

 

СПОРТСКАТА САЛА СО НОВИ СПРАВИ И ОПРЕМА

  Министерството за образование и наука, со Агенцијата за спорт и млади, ја опремија нашата училишна спортска сала со нова спортска опрема. На учениците на располагање им се нови спортски справи и нови спортски реквизити. Карики, вратило, разбој, шведски сандак, мал разбој, јарец, јажиња, скали јажиња, голови со мрежи за мал фудбал и за ракомет, нова мрежа и постаменти за одбојка, нови кошеви ...

>> Види фотогрaфии

 

ОТВОРЕН ДЕН НА ГИМНАЗИЈАТА

  Во саботата на 28.05.2011год, организиран и реализиран беше "Отворен ден на Гимназијата". На отворениот ден, домаќини беа нашите ученици, кои во таа пригода изведоа сценско - музичка програма, одржаа неколку интересни презентации и предавања по физика и хемија, а за гостите имаше организирано и изложба на слики и фотографии.

  На "Отворениот ден" Гимназијата ја посетија заинтересирани осмоодделенци и родители од градов и пошироко, кои сакаа да се запознаат со училиштето, можностите што ги нуди истото, со наставниот кадар и слично.

  Најинтересен се покажа часот во хемиската лабораторија, на кој интересни експериментии изведуваа ученици од Гимназијата под водство на професорот Димески Блаже.

>> прочитај повеќе

 

ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА НА ГИМНАЗИЈАЛЦИТЕ

  На 16 и 23 мај, под водство на професорот Настоски Диме, гимназијалците од проектната активност по драма, ја реализираа театарската претстава “САРАЕВО’’ (САРА Е ВО ХОРОРЛЕНД) од Горан Стефановски.

Во реализацијата на драмата учествуваа триесетина ученици од прва до четврта година, пред и зад сцената.

  Поради интересот, театарската претстава беше изведена два пати на сцената на театарот "Војдан Чернодримски". Посетителите беа воодушевени од изведбата на претставата, а не изостанаа и аплаузите на отворена сцена.

>> Види фотогрaфии

 

НА ПРАЗНИКОТ НА ПРОСВЕТИТЕЛИТЕ

  На 24 мај "Денот на македонските и сесловенските просветители и учители"организирана беше еднодневна екскурзија за вработените во Гимназијата до Вевчанските извори. Попатно посетени беа Охрид и Струга.

  Три часа прошетка низ Охрид и уживање покрај Охридското езеро, два часа уживање покрај Црн Дрим и прошетка низ Струга, и два часа уживање покрај Вевчанските извори.

>> Види фотогрaфии

 

НЕКОЛКУ ЧАСА ВО КРУШЕВО

   По повод отворањето на Спомен куќата на Тоше Проески, група ученици, директорката и неколку професори и вработени во Гимназијата, изведоа неколкучасовна посета на Крушево. Посетени беа Спомен куќата - меморијалниот музеј на Тоше, културно историските знаменитости во градот и крушевската чаршија.

>> Види фотогрaфии

 

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПРОЛЕТТА

  И оваа година нашата Гимназија се вклучи во одбележувањето на денот на пролетта. Учениците, професорите и техничкиот персонал спроведоа акција за чистење на школскиот двор од одпадоци.

  

  Можеби ќе те интересира и:

  АРХИВА учебна 2011/2012

  АРХИВА учебна 2012/2013

baner gore crveno_gore

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Професори

Ученици

Контакт

Родители
MKD EN DE FR
xxxxxxxx
dolnalevalenta zdrava sredina lentadesnogore lentalevagore posirokalenatgore lentadesnadolu Ucenici gore