НАСТАНИ И СОДРЖИНИ СО ПОСТАР ДАТУМ ОБЈАВЕНИ НА ВЕБ СТРАНАТА

Учебна 2012/2013

Baner dolu

Copyright © 2013 www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

HTML Validator CSS

  

  Можеби ќе те интересира и:

  АРХИВА учебна 2010/2011

  АРХИВА учебна 2011/2012

baner gore crveno_gore

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Професори

Ученици

Контакт

Родители
MKD EN DE FR
xxxxxxxx
dolnalevalenta zdrava sredina lentadesnogore lentalevagore posirokalenatgore lentadesnadolu Ucenici gore
Prva pomos

ЗЛАТЕН МЕДАЛ ЗА НАШАТА ЕКИПА ПО ЦРВЕН КРСТ

  На XXI-от Државен натпревар, кој се одржа во Велес на 15.09.2012 година, во конкуренција на 23 екипи, нашата гимназиска екипата го освои првото место. Екипа беа: Јованоска Ивона (капитен), Јованоска Марија, Трајческа Симона, Попорданоска Теодора, Филипоски Антонио и Џумеркоски Јане. Ментор на екипата беше Ѓорѓиоски Гоце.

Despodov

ПРВА САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ

  Во просториите на Градската библиотека „Борка Талески“, со пригодна свеченост, отворена беше првата самостојна изложба на фотографии на гимназијалецот Ѓорѓи Десподов.

  Интензивното другарување со фото апаратот, ветува успешна фотографска кариера и уште многу фотографии и изложби на Ѓорѓи.

Teniserite

НАЈДОБРИТЕ ТЕНИСЕРИ

  Стефан Неданоски на општинскиот натпревар во тенис за средношколци, го освои златниот медал, без ниту еден загубен сет.

  Орхидеја Деаноска го освои второто место на истиот натпревар во категотија на средношколки, а Михаела Кебакоска третото место.

Piezo merac nagrada

ЗЛАТЕН МЕДАЛ ЗА ТЕОДОРА

 Теодора Кочоска, за својот изум „Пиезо електричен мерач на звук“ доби златен медал од Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија, МАКИНОВА 2012. Изумот мери различни звуци и лесно може да се пренамени и за мерење на осветленост .

  „Стручното жири ја оценуваше Теодора за теоријата на креирање на изумот, за иновативноста и практичната примена на изумот“ - вели менторот проф. Ана Велјаноска.

ИЗЛОЖБА НА КОРИЦИ НА КНИГИ

  Веќе трета година, за време на месецот на книгата, учениците од прва година, со менторот проф. Виолета Блажеска, организираат изложба во градската библиотека „Борка Талески’’ на тема „Илустрација на книга и корица на книга’’. Оваа година изложбата беше уредена од ученичките Ангела Икономоска и Бисера Самарџиоска. Соработката помеѓу гиманзијата и Градската библиотека ќе продолжи и во следните години.

Biblioteka_izlozba Pobednici

ПРВО И ВТОРО МЕСТО

 Изабела Јошеска освои прво место, а Теодора Силјаноска второ место на наградниот конкурс за најдобар есеј со историска содржина. Конкурсот е во организација на Сојузот на борците на Прилеп и на него зедоа учество 25 средношколци од училиштата од градот. Наградите лично им ги врачи Благоја Чоноски - Чоната, претседателот на Сојузот на борци.

ТРЕТО МЕСТО ВО МАКЕДОНИЈА

 Теодора Јагуриноска го освои третото место за најдобар есеј на тема “Зошто е кул да си стар”. Манифестацијата е организирана од ЕУ и поддржана од министерството за образование на Р. Македонија. На истата се натпреваруваа ученици од средните училишта од целата држава. На Теодора лично и честитаа европретставникот Аиво Орав и министерот за образование Панче Кралев.

Esej EU

ОТВОРАЊЕ НА ЦЕНТАРОТ ЗА КАРИЕРА   

Министерството за образование и наука во соработка со проектот на УСАИД „Младинска мрежа за стекнување на вештини за вработување - YES Мрежа", започна со реализација на проектот за имплементирање на кариерни активности во училиштата.

>> Види повеќе

ЕКО АКЦИЈА ВО УЧИЛИШНИОТ ДВОР

  На 07.11.2012, Федерацијата за еколошка акција организираше светски „Ден на акција“.

  Нашата Гимназија спроведувајќи ја интернационалната програма „Еко училиште“ се вклучи во одбележувањето на овој ден со активности за уреден и еколошки училишен двор. Учениците и вработените во Гимназијата засадија 19 садници зимзелени и листопадни дрвја и даесетина китки сезонски цвеќиња.

>>Види повеќе

Martin sahistot

МАРТИН НИКОЛОВСКИ ДРЖАВЕН ПРВАК ВО ШАХ

  На државниот натпревар во шах за средношколци, во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, нашиот Мартин, го освои првото место, без ниту една загубена партија.
   Повелете во нашата Гимназија, на партија шах со Мартин.

posumuvanje

ДЕН НА ДРВОТО

  240 Гимназијалци и професори, беа вклучени во акцијата за пошумување, во близина на железничката линија северо - западно од Прилеп. Учениците и професорите засадија околу 1200 садници на јасен.

  Останатите ученици, професори и техничкиот персонал  го уредуваа училишниот двор.

nagradeni literatura

НАГРАДИ ЗА ПОЕЗИЈА И ПРОЗА

  По повод месецот на книгата, на 10ти и 11ти ноември, во Градската библиотека „Борка Талески“ се одржаа натпревари на кои нашите ученици освоија:
Димкоски Филип - прво место за најдобра песна; Трајкоска Милена - второ место за најдобра песна; Матеска Наталија - прво место за најдобар расказ; Јагуриноска Теодора - второ месо за најдобар расказ, а Зероска Мартина освои третото место за рецитирање.

Karatisti

ЧЕТИРИ МЕДАЛИ ЗА НАШИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ

На државното карате првенство за средношколци во Кичево нашата Гимназија учествуваше со четири натпреварувачи. Сите четири освоија медали. Сестрите Мишела и Маријана Димески, се натпреваруваа во финалето и ги освоија првото и второто место, а на трето место заврши Марија Зероска.

  Бојан Димески во својата категорија го освои второто место.

Strelec

НАЈПРЕЦИЗЕН СТРЕЛЕЦ ВО МАКЕДОНИЈА

 Гимназијалката Ангела Стојаноска, на државното првенство во стрелање со воздушна пушка, во Охрид, го освои златниот медал. Од 20 пукања, Ангела 12 пати погоди центар, со што зд себе ги остави останатите триесетина учесници на првенството.

ОДБЕЛЕЖАН ПРАЗНИКОТ СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

  Во рамките на одбележувањето на државниот празникот Св.Климент Охридски, со свои активности се вклучија и нашите гимназијалци. Пред насобраниот народ кај Параклисот Св. Никола, се претставија неколку од нашите рецитатори.

>>Погледни фотографии

Obuka 2013

ОБУКА НА ПРОФЕСОРИТЕ

 

 На 08 и 09.02.2013г. во нашето училиште во организација на БРО се спроведе обука за наставниците на тема „Современи методи во наставата, активно вклучување на учениците и поттикнување на нивната креативност“.

 Во десет часа, професорите теоретски и практично се обучуваа за примена на нови методи и техники во образовниот процес.

slikari talenti

ИНТЕРНЕТ НИЗ ЛИКОВНИ ДЕЛА

  Креативните гимназијалци Филип Мирчески и Ангела Маркоска, со своите ликовни дела изработени на часовите по ликовна уметност кај професорката Виолета Блажеска, учествуваа на награден конкурс на еден телекомуникациски оператор во Македонија и освоија Note book компјутер. Тие со своите дела го претставија „Интернетот како храна“ и од 400-те учесници, заслужено ја освоија наградата.

Натпревар - НАНОМАТЕРИЈАЛИ

  

   На 21.02.2013год. нашата Гимназија беше домаќин на регионалниот натпревар организиран од Министерството за образование и наука, и Технолошко - металуршкиот факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј, на тема НАНОМАТЕРИЈАЛИ.

На натпреварот учествуваа 22 натпреварувачи од  четири училишта од Прилеп и Крушево.

ГРИЖАТА НА НАШЕТО ОПШТЕСТВО ЗА МАКЕДОНСКИОТ СТАНДАРДЕН ЈАЗИК

 

    По повод Денот на мајчиниот јазик, на 21 Февруари во нашето училиште се одржа трибина на тема: Грижата на нашето општество за македонскиот стандарден јазик. Гости на трибината беа д-р Љупчо Печијарески, социолог, професор на Економскиот факултет во Прилеп; Елизабета Филипоска, новинар, директорка на ТВ Канал Визија и

м-р Душица Неделкоска, новинар. Модератор на трибината беше проф. Емона Јованоска.

Tribina makedonski jazik

ПРВО МЕСТО ЗА ГИМНАЗИСКИТЕ УЧЕСНИЦИ НА КАРНЕВАЛОТ ПРОЧКА 2013 год. за СОВРЕМЕНА ГРУПНА  МАСКА „181 ДАЛМАТИНЕЦ“

види повеќе >>

МАТЕМАТИЧАРИТЕ - ГОРДОСТ НА ГИМНАЗИЈАТА

Matematicari

  На 56-тиот државен натпревар по математика кој се одржа во Скопје на 16.03.2013 год. Нашите ученици освоија едно прво, две втори и едно трето место.
   
Антониј Мијоски освои прво место. Ментор проф. Маријана Спиркоска
   
Стефан Николоски освои второ место. Ментор проф. Калина Секулоска
   
Марко Маркоски освои второ место. Ментор проф. Афродита Стефаноска
   
Виктор Стојчески освои трето место. Ментор проф. Евгенија Нешкоска

НОВИ УСПЕСИ НА НАШИТЕ УЧЕНИЦИ

  Од 49тиот државен натпревар „Млади истражувачи, нашите гимназијалци се вратија со 6 освоени награди.

  1. Андреј Богатиноски - прво место по астрономија, ментор проф. Кире Јосифоски
  2. Петар Маркоски - второ место по електроника и електротехника, ментор проф. Ана Велјаноска
  3. Ева Антулеска - второ место по неорганска хемија, ментор проф. Блаже Димески
  4. Роберта Ацеска - трето место по екологија, ментор проф. Петкана Цветкоска
  5. Божидар Грујоски - трето место по компјутерско програмирање, ментор проф.Анета Стојческа
  6. Стефан Неделкоски - трето место по еколошка хемија, ментор проф. Блаже Димески

УШТЕ ДВЕ НОВИ НАГРАДИ

Filip Dimkoski  Во конкуренција од 42 учесници од цела Македонија, нашиот ученик Филип Димкоски од трета година, освои трето место за НАЈДОБРО ONLINE КАРИЕРНО ПОТФОЛИО на натпреварот организиран од МАССУМ.

На образовното рандеву во Тетово, на Филип и на неговиот ментор проф. Гоце Ѓорѓиоски, свечено им беа доделени сертификатите и медалите.

 На конкурсот „Млади репортери за животната средина“ организиран  од граѓанското здружение ОХО, Филип освои второ место за НАЈДОБРА НОВИНАРСКА СТАТИЈА. Статијата на Димкоски се оденсува на загаденоста на градската река во Прилеп и начините за подобрување на состојбата. На конкурсот пристигнале 52 новинарски стати, видеа и фотографии, а се оценувани од професионални новинари од повеќе медиуми во земјава.

 Ментор на Филип Димкоски, му беше проф. Анкица Стеваноска-Јанческа.

ТРЕТО МЕСТО ПО ИСТОРИЈА

трето место по историја  На државниот натпревар по историја, одржан на 11.05.2013 во Ресен, нашиот ученик Петар Митрески го освои третото место. Ментор му беше проф. Никола Толоманоски.

ПРВО МЕСТО ПО ГЕОГРАФИЈА

Прво место по географија  Прво место за Никола Момироски на државниот натпревар по географија. Ментор на Никола му беше проф.Владо Чакароски.