Гимназија лого

СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ

ГИМНАЗИЈА „МИРЧЕ АЦЕВ“ ПРИЛЕП

  • Нашето училиште
  • Најуспешните
  • fest
  • gimfest2016
  • gimfest
  • hor
  • naslovna6
  • бенд
  • бенд
  • odbojka
  • oratори
  • procka
  • на театарска претстава
  • trash
naslovna-31 naslovna-22 fest3 gimfest20164 gimfest5 hor6 naslovna67 bend28 bend19 odbojka10 orat11 procka12 svejk13 trash14

ЗА УЧИЛИШТЕТО

Гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп е најстарото средно училиште во градот и едно од најстарите во Македонија. Основана е со решение на Президиумот на АСНОМ на трети ноември 1944 год.

gimnazija prilep

Низ гимназиските училници учеле многу ученици кои станале успешни во животот. Многу судии, адвокати, професори, бизнисмени, политичари, доктори, научници, новинари, уметници ... од нашиот град кои живеат и работат во градот, државата или по светот, се токму ГИМНАЗИЈАЛЦИ.

Гимназијата денес е современо училиште кое од ден во ден се унапредува и држи чекор со времето и современите текови.

Училиштето има целосно нова дограма, нови подови, нови клупи и столчиња, нова опрема во спортската сала, нова ограда, комплетно реновинарни санитарии, нов изглед на парковската површина и нова фитнес сала и ново тениско игралиште.

Процесот на подобрување на условите за учениците во Гимназијата не запира тука, предвидени се и почнати се да се реализираат уште многу проекти со кои Гимназијата ќе стане едно од водечките училишта во Македонија и регионот.

Во училиштето настава изведуваат квалитетни професори кои се сакани и ценети од учениците, родителите и локалната средина.

биди гимназијалец

ЗОШТО ГИМНАЗИЈА

Затоа што единствено гимназијалците, по завршувањето на гимназиското образование, имаат можност да студираат буквално на секој факултет во земјава или во странство.

Затоа што гимназијалците имаат право на избор кои предмети  сакаат да ги изучуваат и тоа со изборот на проектни активности, со изборните предмети и со изборот на предмети за полагање на Матура.

Затоа што гимназијалците постигнуваат највисоки резултати на многуте меѓународни, државни регионални или локални натпреварувања.

tenis fudbal

Затоа што гимназијалците постигнуваат највисоки резултати на Државната матура.

Затоа што гимназијалците ги развиваат талентот и креативноста. Пишуваат книги, пеат, рецитираат, музицираат, танцуваат, сликаат, фотографираат, снимаат документарни или играни филмови, прават цртани филмови, дизајнираат веб страни, се маскираат за Прочка, одат на екскурзии по Европа и пошироко....

Поезија богородичната гимфест

Затоа што гимназијалците имаат ГИМФЕСТ.

Затоа што гимназијалците имаат фитнес сала, повеќенаменско игралиште, тениско игралиште и едвај чекаат да дојде час по спорт.

Затоа што гимназијалците имаат музички групи, спортски екипи, балетски групи ...

И што уште не ...

ЗАТОА
биди гимназијалец

Види повеќе на официјалната страна на Гимназијата www.gimprilep.edu.mk

КАКО ДА СТАНЕШ ГИМНАЗИЈАЛЕЦ

Наставен план за гимназиско образование за учебната 2017/2018 год.

Во учебната 2017/2018 год. во прва година во СОУ Гимназија Мирче Ацев со настава на македонски јазик и кирилско писмо ќе се запишат според наставните планови и програми за Гимназиско образование - 306 ученици во 9 паралелки со минимум 60 поени.

Полуматурантите кои сакаат да се запишат во Гимназијата „Мирче Ацев“ Прилеп, ќе треба на 28 и 29 јуни 2017 год. да дојдат во училиштето.

Со себе да носат:

  • Оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
  • Извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавање)
  • Пријава за запишување во прва година (Пријавата е бесплатна и истата учениците ќе ја добијат во самото училиште на денот на уписите)

Резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2017 година.

Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се врши на 5 јули, 2017год., а слободните места ќе се објават на 06 јули, 2017година.

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 24 август 2017год., а резултатите од слободните места ќе се објават на 25 август 2017 година.

биди гимназијалец

 

ГИМФЕСТ

gimfest 2017
gimfest 2016
gimfest 2015
gimfest 2014
gimfest 2013
gimfest 2012

Контакт

Контакт:



Средно општинско училиште

ГИМНАЗИЈА „МИРЧЕ АЦЕВ“ - Прилеп

Ул.„Прилепски бранители“

бр. 96а

7500 Прилеп


тел/факс: ++38948425841


e-mail контакт



Гимназијата на:


facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Контакт форма:







Пресметај:


Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2017
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.
гимназија