Гимназија лого

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Copyright © 2014 www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

ПРВО МЕСТО НА РЕГИОНАЛНИОТ НАТПРЕВАР ЗА НАНОМАТЕРИЈАЛИ

Гимназиската екипа наноматеријалиНа 25.02.2014 год. се одржа регионалниот натпревар НАНОМАТЕРИЈАЛИ - МАТЕРИЈАЛИ НА ИДНИНАТА 2014, кој беше организиран од Технолошко - металуршки факултет Скопје. Овој натпревар се одвиваше во просториите на СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ Битола.

На овој регионален натпревар учество зедоа 30 екипи од 6 градови, и тоа: Прилеп, Битола, Крушево, Ресен, Охрид и Струга.

Нашата Гимназија ја претставуваа 5 тима под менторство на проф. Ружа Ангелеска и проф. Ана Велјаноска. Сите 5 тима имаа одлични презентации и ја претставија Гимназијата во најдобро светло. Трудот и напорната работа резултираа со овсојување на првата награда од страна на ученичките Теодора Јагуриноска и Фросина Боцеска од 4та година.

 

Нема да бидеме скромни за да се пофалиме дека тимовите од нашата Гимназија имаа најдобри презентации, од кои жири комисијата составена од професорите од Технолошко - Металуршкиот факултет, беа воодушевени.

Покрај победничкиот тим, на натпреварот учество зедоа и следните тимови:

1. Виктор Чиплакоски и Стефан Петкоски -„Паметни материјали“

2. Изабела Јошеска и Александра Тодороска –„Композити“

3. Марија Блашкоска и Тамара Најдоска – „Метални материјали“

4. Искра Шојлеска и Моника Андоноска – „Композити“

На Теодора и Фросина и нивниот ментор проф.Ружа Ангелеска, им посакуваме многу успех и среќа на државниот натпревар кој што ќе се одржи во Охрид.

Марија Блашкоска, Искра Шојлеска и Моника Андоноска

Гим Web Team