МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

ЕКО ден во нашето училиште

 

еко-ден 2016

На 21.03.2016 год. учениците од Гимназијата  „Мирче Ацев“ го одбележаа Денот на екологијта и пролетта. Под мотото „Еко-ден сите заедно“ беа организирани повеќе активности и тоа: уредување на кабинетите,спортските сали и училишниот двор, ученички натпревар за најдобар рецитатор, се рецитираа стихови за пролетта, ученички натпревар за најдобра лична творба на тема  „Ја сакам пролетта“, ликовен натпревар, спортски натпревари, а за пролетта и екологијата учениците пишуваа мисли на англиски и германски јазик.

На овој отворен еко-ден учество зедоа и родителите со што имплиментиран беше и проектот на МОН „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“.

Жири-комисијата во состав Желческа Даниела –родител, Димоска Тања-родител, Патоски Панче-претседател на Младинската заедница на училиштето, Парапанска Надица –претставник од Младинската заедница на училиштето и Ленка Јованоска –професор по македонски јазик и литература имаше тешка задача но сепак ги одбра најдобрите и тоа:

  • Во категоријата најдобар рецитатор најдобар беше заедничкиот настап на Елеонора Михаиловска и Давид Гагалески
  • Во категоријата најдобра лична творба најдобра беше Симона Паскоска и нејзината песна „Пролет“.
  • За ликовна творба најдобри беа Наталија Аризанкоска и Борјана Конеска.
  • Најубава мисла за природата и екологијата на англиски јазик напиша Леонардо Лазов
  • Најубава мисла на германски јазик напиша Теодора Стеваноска.
  • Меѓу спортистите најдобар спортист беше Марко Нанески
  • Најдобра спортистка беше Марија Спасеска.

Овој отворен еко-ден беше ден на чиста околина, Сонце, другарување, музика и насмеани лица. Целта на овој настан беше подигнување на еколошката свест кај младите.

За реализацијата на настанот одговорни беа: Светлана Барлакоска -педагог во училиштето и професорите: Весна Михаиловска, Ленка Јованоска, Весна Илиеска, Бети Наумческа, Гордица Димитриевска Груеска, Николче Богданоски, Татјана Иваноска, Анкица Стеваноска Јанческа и Дејан Стерјоски.

Фотографија: Бојан Илиески и Марко Ристески


Објавено на: 22 Мар 2016

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија