МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Запознај го Прилеп

 

На ден 19.02, реализирана беше посета на Музејот на град Прилеп и на Галеријата на икони.

Целта на посетата беше запознавање на учениците со културните институции од нашиот град кои ја чуваат и ја раскажуваат историјата на нашиот град и пошироката околина, побудување на интерес кај учениците за историската наука и за помошно-историските науки археологија и музеологија.

Музејската поставка ја објаснуваше археолог од музејот кој ги информираше учениците за поставката, за изложените материјални наоди, за значењето на предметите и другите податоци поврзани со поставката. Учениците активно беа вклучени во посетата на музејот и постојано до археологот поставуваа најразлични прашања.

музеј Прилеп

Потоа со учениците беше посетена и Галеријата на икони каде музејскиот работник детално ја објасни целата поставка на икони, историското, културното, уметничкото и религиското значење на иконите.

galerija

И таму учениците поставуваа најразлични прашања.

На 26.02 посетен беше и Музејот на тутун.

Прилеп е познат по тутунопроизводството, а прилепските типови тутун се најквалитетните во светот. Тутунот најчесто се користи во цигарната индустрија, но исто така голема примена има во производството на скапоцени парфеми и лекови. Токму за тутунот во Прилеп постои цел музеј кој е втор по големина во светот и во кој се поставени експонати од целиот свет поврзани со тутунопроизводството, обработката на тутунот и уживањето на тутунот.

музеј на тутунот во Прилеп

Секој изложен експонат има своја историја која на интересен начин на учениците им ја раскажуваше кустосот Александар Цветкоски.

експонати за уживање тутун

 

Некои интересни изложени експонати од Музејот на тутун во Прилеп

Посетата на Музејот на град Прилеп, Галеријата на икони и Музејот на тутун беше во корелација со предметите Македонски јазик и литература, каде се изучува за Светото писмо – Библијата и со предметот Ликовна уметност, каде се изучува уметноста во каменото време како и техники на сликање. Исто така оваа посета е во корелација со проектот на МОН „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ и претставува соработка со локалната средина.

Посетата ги постигна зацртаните цели. Учениците стеканаа нови знаења кои ќе им бидат од корист за полесно совладување на материјалот по предметот историја како и по предметите Македонски јазик и литература и ликовна уметност. Учениците се запознаа со музеите во гρадот нивната ρабота, значењето за општествената сρедина и стекнаа нови искуства кои ќе им бидат од корист во наредниот период од образованието и општественото живеење.

Во реализацијата на овие посети учествуваа ученици од прва година во нашата Гимназија, професорите Весна Михаиловска, Гордица Димитриева Груевска и Николче Богданоски, а настаните ги следеше училишниот социолог Зоре Присаѓанец.


Објавено на: 26 Фев 2016

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија