МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Прво место за младите репортери

 

На конкурсот од Програмата „Млади репортери за животната средина“ за најдобра новинарска статија, првото место го освоија Ивана Дукоска и Верица Христоска од I-3 клас, под менторство на проф. Весна Михаиловска.

Програмата „Млади репортери за животната средина“ е интернационална програма на Фондацијата (FEE) која се спроведува како составен дел од Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ на Министерството за образование и наука.

И оваа година беше распишан конкурс „Млади репортери за животната средина“ за најдобра новинарска статија, за најдобра фотографија и најдобар видео запис за некој локален еколошки проблем.

Според интернационалните критериуми  во конкуренција од 30 новинарски статии од средните училишта во Р.Македонија новинарската статија на Ивана и Верица „Уништувањето на шумите - уништување на гранката на која седиме“ која го третира проблемот на дивото сечење на шумите во Прилепско, го освои првото место. Оваа статија  ќе  биде испратена и на интернационалниот конкурс од Програмата.

Млади репортери

Да им посакаме на нашите млади репортери со оваа статија да постигнат висок резултат и на меѓународниот натпревар!


Објавено на: 02 Мај 2016

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија