МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Француско знаме

 

Со француска драма во Бугарија

 

Млади французи

По освојувањето на првото место на натпреварот по франкофонски театар „Една личност - една професија“, во организација на Францускиот институт во Скопје, група ученици од Гимназијата „Мирче Ацев“ кои го изучуваат францускиот јазик зеде учество на 23-тиот фестивал по франкофонски театар во Стара Загора, Бугарија.

Учениците Теодора Тасевска, Дарио Илиоски, Боркица Тинтоска, Симеон Мерипушкоски и Симона Стризлоска под режија на професорката Мирјана Бошкоска, со волонтерите Yoan Schumacher и Albane de Lisle како сценаристи пред бугарската публика го изведоа скечот“Un métier peut en cacher un autre” („Позади една професија се крие друга“).

На фестивалот кој траеше од 14 до 17 април, покрај нашата група имаше актерски групи од Чешка, Романија и од повеќе Бугарски градови: Варна, Софија, Стара Загора, Благоевград, Велинград, Бургас и Крџали. Гимназијалците за време на престојот во Стара Загора имаа време да се дружат со другите учесници и да ги проследат нивните настапи.

Покрај претставите од учениците, на фестивалот се изведуваа и француски шансони каде што настапи и нашиот волонтер Yoan Schumacher.

Учесниците имаа можност да присуствуваат на професионлна претстава со што би можеле да се видат себе си по неколку години. Гимназијалската група стекнувајќи се со ново искуство, се врати среќна, полна со ентузијазам и желба за понатамошна работа.

Пред театорот

Le groupe d'étudiants du lycée  "Mirce Acev" qui étudient la langue française a participé au concours de théâtre francophone "Une personne - une profession" organisé par l'Institut Français de Skopje. Ils ont gagné la première place et ont eu la chance d'assister au 23ème festival de théâtre francophone à Stara Zagora, en Bulgarie. La troupe d'étudiants se compose de: Teodora Tasevska, Dario Ilioski, Borkica Tintoska,  Simeon Meripushkoski et  Simona  Strizloska sous la direction du Professeur Mirjana Boskoska, avec l'aide des bénévoles Yoan Schumacher et  Albane de Lisle qui ont écrit le sketch "Un métier peut en cacher un autre". Au festival était présent notre groupe ainsi que des groupes de République Tchèque, de Roumanie et de plusieurs villes bulgares: Varna, Sofia, Stara Zagora, Blagoevgrad, Velingrad, Burgas et Kardjali. Tous les groupes ont été logés dans Stara Zagora du 14 au 17 Avril ce qui a permis aux étudiants de communiquer avec les autres participants et de et de regarder leurs performances thêatrales. Outre les performances des élèves, des chansons françaises ont été chanté dont certaines par notre volontaire Yoan Schumacher. Les participants ont également eu l'occasion d'assister à une piece professionelle actuellement en tournée pour quelques années. La troupe s'est faite une nouvelle expérience, est revenue heureuse, pleine d'enthousiasme et de désir de continuer dans la lancée de ce projet.

 

Напишано од: Теодора Тасевска


Објавено на: 21 Апр 2016

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија