МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Сребрен медал во пинг-понг

 

Aleksandar Rikaloski

На 11.11.2016 година во Кавадарци во спортската сала „Јасмин“ се одржа државно првенство во пинг-понг за средни училишта. На првенството учествуваа околу 60 машки учесници и околу 40 женски учеснички од повеќе средни училишта од Македонија, во поединечна конкуренција.
   Од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп, учествуваа тројца учесници: Христијан Иваноски, Александар Рикалоски и Бојан Илиески под менторство на професорот по спорт Тони Атанасоски.
   Нашите ученици имаа успешен настап и сите се пласираа во „топ осум“ натпреварувачи.

Најуспешен беше Александар Рикалоски кој го освои второто место и од натпреварот се врати со сребрен медал. Досега Александар има освојувано повеќе награди во пинг-понг, а во моментов се подготвува за меѓународен турнир за натпреварувачи до 18 години кој треба да се одржи наредниот месец во Нови Сад - Србија. Покрај пинг-понгар,  тој е и одличен ракометар, член на гимназиската машка ракометна екипа која на минатогодишната гимназијада го освои второто место.

Ping - pong gimnazija


Објавено на: 12 Ное 2016

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија