МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Олимпијада по експериментална физика

 

На 23 и 24.04.2016г., во просториите на Факултетот за физика, СУ „Св. Климент Охридски“, Софија, Р. Бугарија, се одржа четвртата Олимпијада по експериментална физика „Ден на светлината“.
Организатор на Олимпијадата е Сојузот на физичари на Р. Бугарија во соработка со Факултетот за физика при СУ „Св. Климент Охридски“ Софија и Сојузот на физичари на Р. Македонија.

Од нашата Гимназија на Олимпијадата учествуваше Андреј Стојкоски, ученик во II7 клас. Ментор на Андреј му е професорката по физика Марина Попоска. Андреј се натпреваруваше во М-категорија (ученици од I и II година, средно училиште). Нему му беше доделен сертификат за успешно учество на Олимпијадата.

Olimpijada-bugarija  demonstracija-fizika-eksperiment

На Олимпијадата, паралелно со натпреварите,  за наставниците се одржа семинар на тема „Електромагнетни појави и експериментот во наставата по физика во средно образование“.  На семинарот на наставниците-учесници им беа доделени сертификати за успешно завршен семинар.

показна вежба по физика  со менторот

Олимпијадата беше одлична можност за поттикнување и мотивирање на учениците за понатамошно образование по физика, како и на наставниците за активна примена на експериментот во наставата по физика во средно образование.


Објавено на: 29 Апр 2016

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија