МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Четири медали од Маврово

 

скијање Маврово

Учениците од гимназијата Мирче Ацев и оваа година победнички се вратија од државното првенство по скијање, со освоени 4 медали.

Натпреварувањата беа на мавровските скијачки терени на 26.03.2016 год.

Нашата Гимназија ја претставуваа 12 натпреварувачи предводени од професорот по спорт Даниел Василески.

Од нив:

- Теодора Георгиеска освои второ место
- Ане Георгиеска освои трето место
- Александар Спиркоски освои второ место
- Андреј Манчески освои трето место

на пиедесталот скијање на пиедестал Маврово скијања

najdobri vo skijanje

Рекоа за натпреварот:

Теодора и Ане Георгиески: Отсекогаш сакавме да спортуваме, скијањето се вбројува во најомилените спортови. Оваа година учествувавме на државното првенство. За тоа се спремавме подолг временски  период, најпрвин со тренинзи во сала а потоа и во Маврово. Разликата со прво место беше само една стотинка.

Александар Спиркоски: Го освоив второто место, лани бев трет. Скијам од мали нозе со мојот татко. Со нетрпение го очекував натпреварот. За државното првенство се подготвувавме и трениравме во сала и на скијачките центри со проф по спорт Даниел Василески. Задоволен сум од постигннатиот успех.

Андреј Манчески: Го сакам скијањето, скијам од 3 годишна возраст и оваа година очекував да земам медал. Ова е трета година како се натпреварувам и прв медал за мене.

победничка фотографија - Маврово 2016


Објавено на: 28 Мар 2016

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија