МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Апсолутни победници по француски јазик

 

   Од регионалниот натпревар по правопис (спелување) “Concours d’ortographie/d’épellation 2016”, којшто оваа година се одржa на 12-ти ноември во гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Битола, на кој учествуваа ученици од Прилеп, Битола, Ресен, Крушево, Демир Хисар и Могила, нашите гимназијалки се вратија со апсолутна победа.

   Марија Андоноска го освои првото,
   Марија Митреска го освои второто и
   Ангела Зероска го освои третото место

   Ментор на победничките им е професорката Мирјана Бошковска.

   Со оваа победа, сите три ученички си обезбедија пласман на државниот натпревар кој ќе се одржи на 3 декември 2016 година во просториите на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Победничките од натпреварот по француски јазик


Фотографија: Горан Попоски


Објавено на: 16 Ное 2016

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија