МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Проект „Безбедни училишта“

 

Мултикултурализам

   Тим од ученици од гимназијата „Мирче Ацев“ - Прилеп вклучени во проектот „Безбедни училишта“ на Мисијата на ОБСЕ, учествуваа на натпревар за кратки видеа на тема „Мултикултурализам“
   Учениците подготвија краток филм со наслов „Прилеп - денес“ во режија на Леонид Барлакоски, монтажер Леонид Дамкоски,  камерман Андреј Кироваков и статисти  Катерина Бошкоска и  Дафина Настеска.
   Во  филмот е  прикажана панорама на градот Прилеп  со акцент на културно-историските споменици:

  • Саат-кулата, изградена од познатиот прилепски градител Перо Лауц  во 1825 година.  Над влезната врата има натпис со арапски букви на кој пишува: „Чукањето на саатот не е секогаш означување на времето. За животот и времето што минува саатот жали и вика ...„Ах..“
  • Чарши џамија - изградена  во 1475 год. од Хаџи Хусеин.  Џамија е уникатно архитектонско дело и  е најстарата европска џамија која има два балкони на своето минаре.

   Учениците имаа чест  да присуствуваат во Скопје на церемонијата на доделување на награди. Нашиот тим беше единствен од средните училишта  од градот Прилеп кој што учествуваше на  овој натпревар. На натпреварот  предходеа повеќе работилници и активности во текот на учебната 2016/17г.

   Координатор на гимназискиот тим е заменик директорот Гоце Ѓорѓиоски.


Објавено на: 30 Јун 2017

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2017
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија