МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

француско знаме На македонски јазик

Музичка драма „Богородичната црква во Париз“

 

музичка драма

   Месец Март е месец на Франкофонијата, месец на празнување на францускиот јазик во земјите во кои се изучува, а не е мајчин јазик. По тој повод традиционално, гимназијата „Мирче Ацев“ организира Француска вечер. Оваа година гимназијалците и професорите приредија претстава на француски јазик која долго ќе се памети.

   Гимназијалците се претставија со музичката драма „БОГОРОДИЧНАТА ЦРКВА ВО ПАРИЗ“
   Салата  на театарот „Војдан Черндрински“ беше претесна да ги прими сите заинтересирани посетители. Меѓу посетителите беа градоначалникот на Прилеп, Г-дин Марјан Ристески, Г-ѓа Марија Николова - координатор за Франкофонија во Министерството за образование, Г-ѓа Елисавета Поповска - претседател на здружението на професори по француски јазик и Амбасадорот на Република Франција, Неговата Екселенција, Господинот Кристиан Тимоние.
   Оваа е прва посета на висок странски дипломат на настан организиран од прилепската Гимназија. На учениците и вработените во Гимназијата им е посебна чест и му изразуваат голема благодарност за неговото присуство.

   На почетокот на настанот во знак на сеќавање на Евалина Блажеска, која беше ученичка при Гимназијата, а која за жал трагично и премногу рано го изгуби својот живот, Прилепската пиварница под покровителство на Г-ѓа Панде Самарџиоска, мајка на Евалина, додели годишни донации на пет ученици, матуранти при Гимназијата.

   Потоа следуваше музичката драма, моментот кој сите со нетрпение го очекуваа.

   Низ песна, танц и глума, под шаренило од бои, со прекрасна сценографија и кореографија, гимназијалците еден час им го земаа здивот на присутните во публиката. Различни чувства, овации и аплаузи ја исполнуваа салата во театарот до крајот на претставата.

   Ова беше несекојдневен театарски настан. Гимназијалците со овој мјузикл, го доловија француското општество и раскажаа една љубовна приказна, опишани во делото на Виктор Иго.

   Незаборавен е настапот на Симеон Мерипушкоски кој во улога на Квазимодо изнуди и по некоја солза во публиката. Бистра Петреска како Есмералда со музичкиот настап и глума ги воодушеви сите гости, а раскажувачот, балетот и останатите исполнители го направија овој прекрасен настан, настан за кој долго ќе се зборува.

* Фотографијата е позајмена од официјлната Facebook страна на Ambassade de France à Skopje каде што јавно е публикувана Работна фотографија од подготовките за музичката драма Работна фотографија од подготовките за музичката драма Работна фотографија од подготовките за музичката драма

   За се да изгледа беспрекорно, се погрижија учениците:

Актерска и вокална група:

Симеон Мерипушкоски, Бистра Петреска, Филип Димовски, Анастазиа Христоска, Ангела Зероска, Михаел Милошески, Доротеја Дамјановска, Филип Шабаноски, Антонио Николоски, Теодора Стомнароска и Тамара Абрашевска

Танчерска група:

Емилија Јовеска, Кирил Кочоски, Надица Чолакоска, Ангела Митреска, Михаела Кепеска, Евгенија Кузманоска, Деспина Башеска, Марија Стеваноска, Алексанра Илиеска и Ивана Јосифоска

Проекција на преводот:

Марија Андоноска

Реквизитите ги изработија:

Димитар Димески, Антонио Чупаркоски, Петар Андоноски, Огнен Цветаноски, Давид Желчески, Наум Аврамоски, Мила Јагуриноска, Марија Карбеска, Сара Мирческа, Лина Антоска, Михаела Павлеска и Ивана Стојаноска.

Тимот професори кои ја подготвија и ја реализираа оваа музичка драма го сочинуваат

  • Ментор, главен организатор и координатор: Бошковска Мирјана – проф. по фр. јазик
  • Режија, драматизација и сценографија: Шлакески Маринко – проф. по драмска уметност и англиски јазик.
  • Сценографија, костимографија и графички дизајн: Димитриевска Груеска Гордица – проф. по ликовна уметност.
  • Музичка подготовка: Татјана Иваноска – проф.по музичка уметност
  • Кореографија: Цветаноски Орде – проф. по спорт и спортски активности
  • Техничка организација и поддршка: Николче Богданоски – проф. по историја

   Целокуниот настан во секоја фаза од подготовката и реализацијата беше поддржан од Кире Николоски – директорот на Гимназијата, како и од Младинската заедница на училиштето и координаторот Кети Ефремоска - проф. по англиски јазик.

   По премиерата на претставата, во тек се договори за прикажување на истата во Македонскиот народен театар, во рамките на одбележувањето на Месецот на Франкофонијата, на регионалната Франкофонска средба каде што ќе има претставници од неколку држави меѓу кои и Република Франција.

 

фотографија: Бојан Илиески

видеозапис и обработка: Горан Попоски

 


Објавено на: 09 Мар 2017

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија