МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

француско знаме На македонски јазик

frankofonija

 

Силен аплауз и овации
за музичката драма на француски јазик „Богородичната црква во Париз“
во Македонскиот народен театар

 

  По повод „Месецот на Франкофонијата“ традиционално, во Република Македонија се организираат низа активности со кои нашата држава се вклучува во славењето на францускиот јазик и култура.

   И нашата Гимназија „Мирче Ацев“ секоја година го одбележува овој настан со повеќе активности на учениците и професорите, со што станува дел од големото семејство на училишта во кои се изучува францускиот јазик.

    Оваа година гимназијалците и професорите од нашето училиште, ја приредија музичка драма на француски јазик „Богородичната црква во Париз“. Премиерата на претставата беше во прилепскиот театар, а по успешната реализација, стигна и поканата од Г-ѓа Марија Николова - координатор за Франкофонија во Министерството за образование и од  Г-ѓа Елисавета Поповска - Претседател на Здружението на професори по француски јазик во Република Македонија, да бидеме гости на одбележувањето на „Месецот на Франкофонијата“ во Скопје, главниот град на нашата држава.

   Главниот свечен настан со кој започна одбележувањето на Месецот на Франкофонијата се случи вечерта на 23 март, во малата сала на Македонскиот народен татар. Таму во публиката беа Амбасадорот на Република Франција, Неговата Екселенција, Господинот Кристиан Тимоние, националните координатори на Франкофонијата од регионот на Централна и Источна Европа (Романија, Молдавија, Бугарија, Албанија и Ерменија), дипломатски претставници, претставници од Министерството за образование и култура, претставници од Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, професори и ученици од основни и средни училишта од Македонија, истакнати културни уметници и други гости.

  На почетокот пред присутните свое видео - обраќање имаше Генералната секретарка на Меѓународната организација на Франкофонијата г-ѓа  Michaëlle Jean. Потоа за значењето на Франкофонијата кратко обраќање имаше Г-дин  Габриел Атанасов, Национален координатор за франкофонија во Министерството за надворешни работи на Р. Македонија, а потоа следеше музичката драма „Богородичната црква во Париз“ во изведба на учениците од Гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп.

   Песна, танц и глума, аплаузи на отворена сцена, овации и различни чувства ја исполнија салата. Одличниот настап на нашите гимназијалци публиката го награди со громогласен и долготраен аплауз на крајот од претставата. Задоволни беа сите, гостите во публиката, учесниците и организаторите на претставата и на настанот.

Амбасадорот на Република Франција Christian Thimonier и Baptiste Arnaud - волонтер во „Инфо Сега“ даваат интервју за МТВ Видео обраќање на Генералната секретарка на Меѓународната организација на Франкофонијата г-ѓа  Michaëlle Jean Обраќање на Г-дин  Габриел Атанасов, Национален координатор за франкофонија во Министерството за надворешни работи на Р. Македонија

 

   За се да изгледа беспрекорно, се погрижи истата успешна екипа:

Актерска и вокална група:

Симеон Мерипушкоски - во улога на Квазимодо,
Бистра Петреска - во улога на Есмералда,
Филип Димовски - со улогата на раскажувач,
Анастазиа Христоска, Ангела Зероска, Михаел Милошески, Доротеја Дамјановска, Филип Шабаноски, Антонио Николоски - музички исполнители,
Теодора Стомнароска и Тамара Абрашевска - актери

Танчерска група:

Емилија Јовеска, Кирил Кочоски, Надица Чолакоска, Ангела Митреска, Михаела Кепеска, Евгенија Кузманоска, Деспина Башеска, Марија Стеваноска, Алексанра Илиеска и Ивана Јосифоска

Проекција на преводот:

Марија Андоноска

Реквизитите ги изработија:

Димитар Димески, Антонио Чупаркоски, Петар Андоноски, Огнен Цветаноски, Давид Желчески, Наум Аврамоски, Мила Јагуриноска, Марија Карбеска, Сара Мирческа, Лина Антоска, Михаела Павлеска и Ивана Стојаноска.

Тимот професори кои ја подготвија и ја реализираа оваа музичка драма го сочинуваат

  • Ментор, главен организатор и координатор: Бошковска Мирјана – проф. по фр. јазик
  • Режија, драматизација и сценографија: Шлакески Маринко – проф. по драмска уметност и англиски јазик.
  • Сценографија, костимографија и графички дизајн: Димитриевска Груеска Гордица – проф. по ликовна уметност.
  • Музичка подготовка: Татјана Иваноска – проф.по музичка уметност
  • Кореографија: Цветаноски Орде – проф. по спорт и спортски активности
  • Дизајн на светло и техничка организација: Николче Богданоски – проф. по историја

   Секоја фаза од подготовката и реализацијата на музичката драма беше поддржана од Кире Николоски – директорот на Гимназијата.

 

фотографија: Бојан Илиески

видеозапис и обработка: Горан Попоски


СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп им изразува голема благодарност на организаторите на настанот, како и на вработените во Македонскиот Народен Театар кои помогнаа во реализацијата на музичката драма.


Објавено на: 26 Мар 2017

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија