MK | EN | FR | DE

logo
Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
  • gimnazija

    Нашето училиште

  • nagradi

    Успесите се наше секојдневие

  • vo opstina

    Во посета на Градоначалникот

  • gimfest

    ГИМФЕСТ - најдобриот училишен музички фестивал во Македонија

  • odbojka

    Ни нема рамни во одбојка

  • nagradi vo ucilisteto

    Освојуваме многу државни и меѓународни награди

  • procka

    Се забавуваме за Прочка

  • rock and roll

    Гимназискиот рок бенд

  • makedonium

    Го почитуваме минатото

  • fudbal

    Најдобри сме во фудбал

  • teatarska pretstava svejk

    Учествуваме во многу културни случувања во градот

  • nagradeni ucenici

    Математика, информатика, програмски јазици ...

  • gimnazijalci vo mtv

    Гимназијалците на МТВ

  • gimfest 2

    Гимназиска група игра модерен балет

  • gimnaziskiot hor

    Гимназискиот хор, најтрофеен хор во Македонија

  • karieren centar

    „Градиме кариера“ во гимназискиот кариерен центар

  • moda od otpadoci

    Креативноста на дело: "TrashFashion"

  • orkestar

    Гимназискиот оркестар

  • rok grupa

    Гимназиска музичка група

ГИМФЕСТ 2015

СПЕКТАКУЛАРНО ИЗДАНИЕ НА ГИМФЕСТ

 

   Кога се работи со срце, со максимална посветеност и професионалност, кога се вложува многу труд кога се има визија, тогаш резултатот е неизбежен. А резултатот од петтото издание на ГИМФЕСТ е фантастичен. Преполна сала со публика, задоволни и насмеани лица, позитивна енергија, беспрекорни солисти... Тоа е само дел од мозаикот наречен ГИМФЕСТ - проект кој никого не остави рамнодушен.

   Гимназијата „Мирче Ацев“ се гордее со квалитетот и талентот на своите ученици. Се гордее затоа што учениците меѓусебe си помагаат и се поддржуваат. Се гордее затоа што музички талентираните ученици им помогнаа на учениците кои ќе ја претставуваат нашата Гимназија, нашиот Прилеп и нашата Македонија на балкански и светски олимпијади. Средствата собрани од продажбата на влезниците им се наменети токму ним.
   Покрај хуманоста, целите на ГИМФЕСТ се да промовира вистински музички вредности, да ги промовира своите талентирани ученици, да поттикне дружење, забава и креативност.

   Нашите ученици и професори покажаа дека ГИМФЕСТ, од идеја пред неколку години, па се до денес прераснува во респектибилен фестивал кој ја заслужува поддршката и рејтингот кој го ужива.

   Спектакуларниот ГИМФЕСТ е успех на сите гимназијалци, на учениците и на професорите. ГИМФЕСТ докжува дека гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп е вистинско училиште со високи достигнувања на секое поле.

   Овогодинешното издание на ГИМФЕСТ го отвори градоначалникот на Прилеп Г-дин. Марјан Ристески. Потоа во четири блока со своите музички изведби се претставија 20 ученици, подготвени да остават подобар впечаток кај публиката и кај стручното жири.

   За ГИМФЕСТ да изгледа и да звучи како вистински професионален фестивал се погрижија: Бистра Петреска со “Heal the World”; Меланија Тодороска со “Proud Mary”; Наташа Ристеска со “ Take Me To Church”; Наталија Трајкоска со “I Love Rock 'n' Roll”; Викторија Смилеска со “Under the Bridge”; Магдалена Кузманоска со “Halo”; Филип Шабаноски со “My Way”; Доротеа Дамјановска со “Masterpiece”; Ивана Илиоска со “Only Love Can Hurt Like This”; Стефанија Смилеска со “Stop”; Симона Илиоска со “Frozen”; Теодора Јовеска со “Titanium”; Марио Ангелевски со “Thinking Out Loud”; Михаела Пацаноска со “Wildest Moments”; Ивана Кормушоска со “Well, Well, Well”; Марко Маркоски со “Bohemian Rhapsody”; Анастазија Христоска со “One and Only”; Теодора Зероска со “I will Survive (Hush Hush remix)”; Стефанија Дукоска со “I Surrender” и Михаел Милошески со “Тајно моја”.
   Водителки на фестивалот беа Стефанија Рикалоска и Теодора Сиљаноска.
   Специјален гостин на ГИМФЕСТ беше Елена Ристеска. Со своите хитови, Елена ја збогати вечерта, ја распеа и ја разигра публиката. Елена изјави дека е воодушевена од настанот и дека се восхитува на идејата да се организира ваков училишен фестивал.

ПОБЕДНИЦИ НА ГИМФЕСТ 2015:

СТЕФАНИЈА ДУКОСКА – ПРВО МЕСТО
МАРКО МАРКОСКИ – ВТОРО МЕСТО
МИХАЕЛА ПАЦАНОСКА – ТРЕТО МЕСТО

   Стручното жири кое ги оценуваше и рангираше изведувачите го сочинуваа: М-р. Татјана Ивановска, М-р. Фроска Сапунџиева, Проф.Наталија Гарбеска, Проф. Весна Симјаноска и Проф. Благица Димчева.

   Комисијата за организирање и реализирање на Гимфест ја сочинуваа Директорот на Гимназијата, Кире Николоски и професорите: Мартин Наумоски – (претседател на комисијата), М-р. Татјана Ивановска, Николче Богданоски, Марта Макеска, Кети Ефремоска, Софија Крстеска, Наталија Гарбеска и Николче Толоманоски.
   Во реализацијата на фестивалот вклучени беа и учениците од Младинската заедница на училиштето.

Водителките на фестивалот, Стефанија и Теодора Градоначалникот Марјан Ристески го прогласува фестивалот за отворен Бистра Петреска Меланија Тодороска Наташа Ристеска Наталија Трајкоска Викторија Смилеска Магдалена Кузманоска Филип Шабаноски Доротеа Дамјановска Ивана Илиоска Стефанија Смилеска Симона Илиоска Теодора Јовеска Марио Ангелевски Михаела Пацаноска Ивана Кормушоска Марко Маркоски Анастазија Христоска Теодора Зероска Стефанија Дукоска Михаел Милошески Елена Ристеска Најава за прогласувањето на победниците Проф. Мартин Наумоски Надица, Симона и Јулијана ТРЕТО МЕСТО - Михаела Пацаноска ВТОРО МЕСТО - Марко Маркоски ПРВО МЕСТО - Стефанија Дукоска На крајот на фестивалот Преполнетата сала во Домот на културата „Марко Цепенков“ Публиката

 

>> ГЛЕДАЈТЕ ГО ГИМФЕСТ 2015 НА НАШИОТ Youtube канал <<

   Поради авторски права, на нашиот Youtube канал не сме во можност да го поставиме видеозаписот од настапот на Симона Илиоска. Од тие причини, видеото го поставуваме овде.
   Се надеваме дека нема да ни ставите забелешка :)

 

 

Спонзори на ГИМФЕСТ 2015

Оди најгоре