MK | EN | FR | DE

logo
Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
  • gimnazija

    Нашето училиште

  • nagradi

    Успесите се наше секојдневие

  • vo opstina

    Во посета на Градоначалникот

  • gimfest

    ГИМФЕСТ - најдобриот училишен музички фестивал во Македонија

  • odbojka

    Ни нема рамни во одбојка

  • nagradi vo ucilisteto

    Освојуваме многу државни и меѓународни награди

  • procka

    Се забавуваме за Прочка

  • rock and roll

    Гимназискиот рок бенд

  • makedonium

    Го почитуваме минатото

  • fudbal

    Најдобри сме во фудбал

  • teatarska pretstava svejk

    Учествуваме во многу културни случувања во градот

  • nagradeni ucenici

    Математика, информатика, програмски јазици ...

  • gimnazijalci vo mtv

    Гимназијалците на МТВ

  • gimfest 2

    Гимназиска група игра модерен балет

  • gimnaziskiot hor

    Гимназискиот хор, најтрофеен хор во Македонија

  • karieren centar

    „Градиме кариера“ во гимназискиот кариерен центар

  • moda od otpadoci

    Креативноста на дело: "TrashFashion"

  • orkestar

    Гимназискиот оркестар

  • rok grupa

    Гимназиска музичка група

Интервју со новоизбраниот претседател на младинската заедница

 

Надица Бунеска - Претседател на Младинската заедница на Гимназијата   На ден 17.12.2014 година се одржаа изборите за нов претседател на Младинската заедница на кои беа пријавени вкупно 7 ученици од III година. За нов претседател учениците од нашата Гимназија ја избраа Надица Бунеска ученичка во III3 клас. За потпретседател беше избран Илчо Лешникоски од III6 клас, а за секретар беше избрана Ангела Икономоска од III6 клас.

   Имавме можност да го направиме следното интервју со новоизбраниот Претседател на младинската заедница Надица.

- Која беше твојата мотивација за да се пријавиш за претседател на младинската заедница?

   Мојата мотивација за да се пријавам за Претседател на Младинската заедница, пред се, беше желбата за да се докажам во моите способности, желбата за да ја доведам нашата Гимназија на уште повисоко ниво од она на кое што е сега, како и се разбира, мојот класен раководител, професорот Тони Атанасоски, кој постојано ме бодреше дека можам да успеам во својата замисла.

- Дали имаше трема за време на претставувањето на годишниот план и дали се плашеше од конкуренцијата?

   Па... се разбира дека тремата беше присутна, но не дозволив да ме совлада и мислам дека настапив доста самоуверено во претставувањето на мојата програма, а за конкуренцијата би кажала дека навистина беше неизвесно на почетокот, но откако сите се претставија со своите говори, веќе почнавме да се издвојуваме оние неколку ученици кои сме сега претставници на младинската заедница.

- Дали очекуваше дека учениците ќе те изберат тебе?

   Искрено, тргнав со помислата: “Што биде, нека бидe”, бидејќи не сакав доколку не ме изберат мене, на крајот да бидам разочарана. Но секако дека постоеше она мало жарче надеж во секој од нас и нормално дека секој посакуваше да биде избран. Но ете, среќата ми се насмевна мене. Сепак мислам дека најмногу влијаеше начинот на пристап кон учениците и со колкава самодоверба ја презентиравме програмата.

- Кои активности и идеи се во план да се исполнат во текот на наредната година?

   Во текот на наредната година во мојата програма имам околу 20 активности, кои покрај оние активности кои се одржуваат традиционално секоја година, сакам да ја разбијат монотонијата, постојано да се случува нешто ново во Гимназијата. Некои од позначајните се следните:

  • Збратимување со други училишта од други градови во државава, па дури и надвор од неа, секако доколку имаме можност.

  • Избор на професор / ученик на месецот

  • Формирање на клуб за медијација

  • Формирање на клуб за талентирани ученици и помош на послаби ученици

  • Организирање на училишно добредојде на новите гимназијалци

  • Ориентација на новите гимназијалци

  • Посета на деца во болница кои се опоравуваат од некаква болест или повреда

  • Есеистички ден – избор на најдобар есеј од учениците

  • Овозможување на стипендија за матурантите

  • Предавање за идни крводарители

  • Избор на најдобро изработена реклама за гимназијата од страна на учениците

  • Училишни работилници за учениците – артисти, кои сите постери за идните настани ќе ги изработуваат со цртање

   Освен овие активности и сите други кои се дел од мојата програма, сигурна сум дека ќе има и уште многу други кои јас, како претседател, со задоволство ќе ги исполнам.

- Што би кажала за крај?

   За крај сакам да им порачам на сите гимназијалци да ги споделат своите идеи, а јас ќе им помогнам во нивното реализирање.

-Ти благодариме за одвоеното време за интервјуто и ти посакуваме успешна реализација на плановите.

   И јас ви благодарам на вниманието.


  (Интервјуто со Надица Бунеска го водеа
Наташа Ристеска III7 клас и Елена Ѓорѓиовска III1 клас)

20.12.2014 година

 

Гимназијата на:

 

Други настани:



Убавините на природата
Убавините на природата

Барем на миг да им подариме љубов
Барем на миг да им подариме љубов

Љубовден
Љубовден

Трето место за најдобар есеј
Трето место за најдобар есеј

Трето место за Леона
Трето место за Леона

Одбележување на „Светскиот ден на детето“
Одбележување на „Светскиот ден на детето“

Хуманитарен турнир во одбојка 2018
Хуманитарен турнир во одбојка 2018

Гимназијалците, најдобри рецитатори и поети
Гимназијалците, најдобри рецитатори и поети

Погледни повеќе настани во нашата WWW архива >>

 
 
Оди најгоре