МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Изложба по повод Патронатот на Гимназијата

  Ликовна, изложба, Прилеп, Гиназија

  На 27.12.2017 г. со почеток во 13:00 ч. беше отворена  уметничка ликовна изложба, организирана по повод Патрониот празник на нашата Гимназија која го носи името на македонскиот револуционер Мирче Ацев.
    Учениците ги изработија своите уметнички дела водејќи се од својот талент, идеја и мисла и поттикнати од внатрешниот уметнички  немир да го изразат тоа што го носат длабоко во себе. Ликовните дела се засновани врз ликовните елементи и принципи, притоа користејки ја најмногу линијата која е употребена како суштинска вредност во секое дело. Како средство за искажување на мислата и визуелната перцепција, линијата е потпомогната и со обликот и бојата создавајќи неразделен спој. Во овие уметнички ликовни дела е прикажана мислата и моментот во којшто живеат, учат и творат учениците.
    Изложбата ја подготвија и организираа ученици од прва, втора, трета и четврта година, заедно со своите ментори, професори по ликовна уметност Гордица Димитриевска - Груеска, Александар Џинго и Марта Кузмановиќ, со поддршка на директорот Димче Настоски и тимот за одбележување на Патрониот празник.

ликовна изложба

 

фотографија: Горан Попоски


Објавено на: 30 Дек 2017

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија