МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Гимназијалците кај Претседателот

 

   На 13.10.2017 година пред Кабинетот на Претседателот на Република Македонија се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме. Најдобрите гимназијалци, учениците од трета и четврта година кои во минатата учебна година освоија први, втори и трети места во различни области на државни и меѓународни натпревари беа гости на оваа свечена церемонија. Со учениците беа и професорите Весна Михаиловска, Снежана Тодорческа и Блаже Димески, како и директорот на училиштето Кире Николоски.
   На церемонијата присуствуваа и ученици од ОУ„Димитар Миладинов“ и ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ од Скопје, учениците од ОУ„Кире Гаврилоски - Јане“ од Прилеп, како и деца од ЈУДГ „25 Мај“, објект „Сонце“ од општина Гази Баба и од градинката „Лилипут Дворче - Скопје“.
   Промената на државното знаме на Република Македонија пред Кабинетот на Претседателот го изврши гардиската единица на Армијата на Република Македонија.
   Манифестацијата на промена на државното знаме е со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Макдонија како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.
   По овој чин, гимназијалците остварија кратка средба и разговараа со Претседателот на државата.

  На Гимназијалците им беше чест и задоволство што беа дел од оваа манифестација.

 

Фотографија: Горан Попоски


Објавено на: 15 Окт 2017

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2017
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија