МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Медалите на дофат.
Четврто место за гимназиската екипа по прва помош

 

Екипата по прва помош

   Гимназиската екипа  на 17.09.2016  учествуваше на дваесет и петтиот државен натпревар по прва помош кој се одржа во Кавадарци.

   Екипата  во состав Теодора Стеваноска (капитен), Елеонора Михаиловска, Петар Тодороски, Искра Димоска, Јана Наумоска, Цвете Јанеска и Трајче Маџоски во силна конкуренција на екипи од цела Македонија, го освои четвртото место.

   Пред почетокот на натпреварот на присутните им се обрати претседателот на Црвениот Крст на Р.Македонија, г-дин Милчо Трајков кој  ја истакна важноста на овие натпревари за промоција на првата помош, бидејќи првата помош спасува животи.

   Теодора Стеваноска, капитенот на екипата на Гимназијата „Мирче Ацев“ изјави:

   Многу сум задоволна од постигнатиот резултат на мојата екипа. Работевме тимски, одговорно и посветено. Дадовме се од себе Прилеп и нашата Гимназија да ги претставиме во најдобро светло. На државниот натпревар учествуваме по втор пат и за следната година се надеваме на подобар пласман.

   Но освоеното место не ни е најважно. За нас најважно е што сме обучени лица за прва помош и со тоа можеме да спасиме нечиј живот. На натпреварот не само што се натпреварувавме, туку и создававме  нови пријателства и стекнувавме нови искуства.

 

 


Напишано од: Елеонора Михаиловска


Објавено на: 18 Сеп 2016

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија