МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Меѓународно признание за Гимназијата „Мирче Ацев“

 

Гимназијата со признание за претприемничко училиште

   На меѓународната завршна конференција на проектот за претприемничко учење организирана од Регионалниот центар за развој на претприемачки компетенции за земјите од Југоисточна Европа (SEECEL), која од 17 до 19 октомври се одржуваше во Шибеник (Република Хрватска), се претстави и нашата Гимназија.
   Гимназијата „Мирче Ацев“ е дел од овој проект од 2014 година кога училиштето беше вклучено како пилот училиште во третата фаза на проектот, ISCED 3.
   Во проектот покрај нашето училиште вклучени беа повеќе од 130 образовни институции, основни и средни училишта и факултети, 12 бизнис институции за поддршка кои вклучија повеќе од 2.500 претпријатија, како и голем број на експерти од осум земји-членки на SEECEL (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија, Србија и Турција).
   Во Шибеник беа претставени постигнувањата и структурираната регионалната соработка на Претприемачката мрежа на SEECEL, истакнати беа  примери на добра пракса и се поставија насоки за понатамошно зајакнување на претприемачката клима во општеството. Оваа конференција го означи завршувањето на проектот.
   Конференцијата броеше повеќе од 430 учесници, меѓу кои наставници од различни образовни институции своите ученици/студенти но и претприемачи кои ги презентираа своите искуства.
   Сите учесници имаа можност да бидат активно вклучени во различни работилници, панел дискусии и презентации, со цел понатамошен развој и усогласување на националните политики со препораките на ЕУ, како и понатамошен развој на политиките поврзани со учење на претприемништвото. Претставници на релевантните национални власти како и бизнис институции за поддршка од регионот и од цела Европа беа исто така присутни на настанот.
   Нашата Гимназија на Завршната конференција на SEECEL беше претставена од Весна Паноска, наставник по економија и координатор на проектот, Кети Ефремоска, наставник по англиски јазик и член на тимот и Јована Бошкоска, ученичка во IV година.
На овој настан, нашиот тим промовираше изработен постер со кој ги претстави сите досега завршени активности на училиштето во склоп на проектот, а исто така беа презентирани и досега изработените материјали, како календар на кој се претставени голем број од наши наградени ученици, брошури за презентација на училиштето, ДВД-а та од нашиот традиционален музички фестивал ГИМФЕСТ, промотивен материјал за училиштето и сл.


   Штандот предизвика голем интерес и беше посетен од страна на сите учесници на Market Space.
По поминатата обука, училиштето е наградено и признато како Претприемничко училиште и во иднина ќе биде училиште ментор кое ќе ги обучува и ќе им помага на другите училишта кои ќе бидат вклучени во идните проекти на SEECEL.

 


Објавено на: 23 Окт 2016

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија