МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

„Лора“ во Стара Загора - Бугарија

 

Lora

   Нашата Гимназија има убава можност и привилегија да учествува на меѓународниот театарски фестивал на француски јазик за средни училишта кој се одржува во Стара Загора, Р. Бугарија. За учество на фестивалот организаторот освен од домаќините селектира само 7 странски учесници од цела Европа, меѓу кои чест да бидат избрани имавме и ние.
   Се работи за меѓународен театарски фестивал на средни училишта од земји членки на Франкофонската организација кој има за цел да го негува францускиот јазик и култура надвор од границите на Р. Франција и земјите во кои тој е службен јазик.
   Нашите претставници кои ќе учествуваат на овој фестивал се проф. по фр. јазик Мирјана Бошковска - ментор и координатор, Марија Митреска, ученичка од нашата гимназија која ќе ја игра улогата на „Лора“, главниот лик во монологот, и проф. по драмска уметност и англ. јазик Шлакески Маринко кој е автор и режисер на оваа претстава.
   Монологот „Лора“ претставува композиција од фрагменти и реплики на женскиот лик од интегралниот драмски текст „Лора“ на Шлакески Маринко, кој веќе имавме убава можност да го гледаме на македонски јазик во театарот Војдан Чернодрински во Прилеп во рамките на Патрониот празник на нашата гимназија на 4 Јануари оваа година, режиран од авторот, проф. Шлакески Маринко, а во извонредна изведба на актерката Даниела Иваноска при истиот театар.
   Драмскиот текст „Лора“ во интегрална форма, учениците од III-та год. чиј проф. по македонски јазик е проф. Ленка Јованоска имаа можност да го работат за лектира по предметот македонски јазик и литература што претставуваше убава можност за запознавање и афирмација на современи но и домашни автори во изучувањето на домашната и светската современа драмска литература.

  


Објавено на: 22 Фев 2017

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија