МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

На часовите по социологија

 

Андреј Иваноски, поранешен ученик во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп, а сега студент на Православниот Богословски Факултет „Св.Климент Охридски“, во вторникот на 12.04. 2016год. на иницијатива на професорката по Социологија Снежана Тодорческа, одржа предавања на тема „Религијата – Црквата и животот во Православната црква“. Темата на часовите е во контекст на наставната програма по предметот Социологија.

на час по социологија

Учениците со голем интерес ги следеа часовите, поставуваа прашања, дискутираа и му искажаа благодарност на Андреј за новите знаења кои ги стекнаа со овие предавања.

Освен овие предавања, професорката Снежана Тодорческа и претходно организираше сличен настан. Во рамките на проектот на Министерството за образование и наука „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, на 28.03 оваа година на класниот час во II -7 клас, Златко Димоски, родител на еден од учениците во класот, одржа стручно предавање на тема „Дрога и опасностите од користењето на дрогата“.

предавање за дрога


Објавено на: 18 Апр 2016

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија