МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

НАГРАДИ ЗА НАЈДОБРИ ЛИЧНИ ТВОРБИ

 

   Во четвртокот на 14.12.2017 г. во просториите на Градската библиотека „Борка Талески“ се одржа доделувањето на наградите за најдобри лични творби  за 2017 г. (поезија и проза) организирано од Клубот на литературни творци од Прилеп.
   Конкурсот за најдобра литературна творба беше организиран по повод Патронот на градот Прилеп, Св. Никола, а право на учество имаа учениците од средните училишта.
   Во конкуренција од над 30 пријавени творби, нашите гимназијалци освоија 4 награди и едно признание за пофален расказ.

   Наградени беа следните ученици:

  • Теона Ацеска од II-7 - Прва награда во категорија поезија (ментор: Лидија Тошеска)
  • Марија Андоноска од III-8 - Втора награда во категорија проза (ментор: Лидија Тошеска)
  • Елена Ангелеска од III-7 - Трета награда во категорија поезија (ментор: Лидија Тошеска)
  • Ивона Дукоска од III-9 - Трета награда во категорија проза (ментор: Александра Ангелеска-Петреска)
  • Давид Дамјаноски од IV-8 - Пофален расказ (ментор: Лидија Тошеска)

литературни творци литературни творци

   Наградите и благодарниците на учениците им ги врачи претседателката на Клубот на литературни творци од Прилеп, Цеца Видова-Трајческа.


Објавено на: 19 Дек 2017

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија