MK | EN | FR | DE

logo
Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
  • gimnazija

    Нашето училиште

  • nagradi

    Успесите се наше секојдневие

  • vo opstina

    Во посета на Градоначалникот

  • gimfest

    ГИМФЕСТ - најдобриот училишен музички фестивал во Македонија

  • odbojka

    Ни нема рамни во одбојка

  • nagradi vo ucilisteto

    Освојуваме многу државни и меѓународни награди

  • procka

    Се забавуваме за Прочка

  • rock and roll

    Гимназискиот рок бенд

  • makedonium

    Го почитуваме минатото

  • fudbal

    Најдобри сме во фудбал

  • teatarska pretstava svejk

    Учествуваме во многу културни случувања во градот

  • nagradeni ucenici

    Математика, информатика, програмски јазици ...

  • gimnazijalci vo mtv

    Гимназијалците на МТВ

  • gimfest 2

    Гимназиска група игра модерен балет

  • gimnaziskiot hor

    Гимназискиот хор, најтрофеен хор во Македонија

  • karieren centar

    „Градиме кариера“ во гимназискиот кариерен центар

  • moda od otpadoci

    Креативноста на дело: "TrashFashion"

  • orkestar

    Гимназискиот оркестар

  • rok grupa

    Гимназиска музичка група

Прилепските гимназијалци продолжуваат со врвни успеси по математика

     На дваесет и втората Македонска математичка олимпијада која се одржа на 04 април 2015г. на ФОН Универзитетот во Скопје, нашите натпреварувачи потврдија дека прилепската Гимназија ги има најдобрите математичари во Македонија.
     Стефан Николоски апсолутниот победник на Државниот натпревар по математика, беше успешен и на Математичката олимпијада каде како треторангиран влезе во групата од 6 натпреварувачи кои ќе ја претставуваат нашава држава на Балканската математичка олимпијада во Атина, а потоа и на Светската математичка олимпијада во Тајланд.

     Успесите на гимназиските математичари се традиција на нашето училиште.
     На овогодинешниот 58-ми Државен натпревар за учениците од средно образование кој се одржа во просториите на Машинскиот факултет-Скопје, на кој учествуваа 172 ученици од сите четири години од нашата држава, нашите ученици постигнаа одлични резултати и тоа: Стефан Николоски од четврта година освои прво место со освоени 100 од 100 можни поени;  Марко Маркоски од трета година  освои второ место; Инес Лесновска од прва година освои второ место; Славчо Премчески  од трета година  освои трето место

     Минатата година нашите натпреварувачи ги собраа сите награди од натпреварите по математика, а Стефан Николоски успешно ја претстави нашата Гимназија и нашата држава на Балканската математичка олимпијада во Пловдив, а потоа и на Светската математичка олимпијада во Кејптаун во Јужно Африканската Република.
     Претходната година Антониј Мијоски ги освои сите можни награди од натпреварите по математика и ја претставуваше нашата Гимназија и нашата држава на мегународните натпреварувања и на Светската математичка олимпијада во Колумбија.
     Антониј Мијоски своето образование го продолжи на Државниот универзитет во Санкт Петерсбург во Руската федерација каде студира на одделот Математика. Во минатата година Антониј беше еден од најдобрите студенти на Универзитетот.

Стефан Николоски на Македонската математичка олимпијада 2015 год. Нашите натпреварувачи на Државниот натпревар по математика 2015год. и нивните ментори Стефан Николоски на Балканската математичка олимпијада во Пловдив 2014 год. Стефан Николоски во државнта екипа натпреварувачи на Балканската математичка олимпијада 2014 год. Стефан Николоски во Државната екипа на Светската математичка олимпијада во Кејптаун Антониј Мијоски на Балканската математичка олимпијада во Кипар 2013 год. Антониј Мијоски со Македонската математичка екипа на Светската математичка олимпијада во Колумбија 2013 Градоначалникот Марјан Ристески му доделува благодарници на Антониј Мијоски, за постигнувањата по математика и по информатика Нашите најдобри математичари кои ги собраа наградите на Државниот натпревар по математика во 2013 год.

  


Објавено на 05.04.2015

 

Гимназијата на:

 

Други настани:



Прво место за писмен состав по француски јазик
Прво место за писмен состав по француски јазик

Пет награди по хемија
Пет награди по хемија

ГИМФЕСТ 2018
ГИМФЕСТ 2018

Географичарите на врвот
Географичарите на врвот

„Лора“ на Франкофонска вечер во Скопје
„Лора“ на Франкофонска вечер во Скопје

Нови успеси по математика
Нови успеси по математика

Осмомартовска посета
Осмомартовска посета

Ликовна изложба по повод Месецот на Франкофонијата
Ликовна изложба по повод Месецот на Франкофонијата

Погледни повеќе настани во нашата WWW архива >>

 
 
Оди најгоре