МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Незаборавна француска вечер

 

француска вечер посветена на Едит Пиаф

Овогодинешното издание на Француската вечер и беше посветено на Едит Пиаф, француска пеачка која со својата појава остави длабока трага во светската историја на музиката.

Петнаесетина ученици од нашата Гимназија и волонтерот од Франција Yoan Schumacher, на нозе ја кренаа публиката која со восхит уживаше во прекрасните музички изведби на познатите рефрени на Едит Пиаф. На сцена во француски стил од првата половина на минатиот век, нашите гимназијалци, франкофони, ја раскажаа тажната приказна за Едит од нејзиното детство па се до крајот на животот. Нејзиното издигнување во врвот но и нејзиниот пад.

Песните на Едит на присутните гости во салата на народниот театар „Војдан Чернодрински“ им ги пееа Бистра Петреска, Магдалена Кузманоска, Јана Мицеска, Наташа Ристеска, Филип Димовски, Филип Шабаноски, Ангела Зероска, Анастазија Христоска, Михаел Милошески и гостинот од Франција Јоан Шумахер.

Познатите рефрени никого не оставија рамнодушен. Солзи, насмевки, потпевнување заедно со изведувачите, ракоплескање во ритамот на музиката ...

Водители на француската вечер беа Боркица Тинтоска, Лиле Ристеска и Филип Димовски. Музичка поддршка беа гитаристите Марко Цветаноски, Филип Шабаноски и Јоан Шумахер, пијанистите Бистра Петреска и Петар Цветаноски, а за се да звучи безпрекорно се погрижи Стефан Кукески.

За дизајнот на сцената и на плакатите се погрижи Христијан Стојкоски. Техничка и сценска помош во реализацијата на настанот беше проф. Николче Богданоски.

Помеѓу публиката на оваа незаборавна француска вечер беа и волонтери од Франција, Италија, Романија и САД.

Главен „виновник“ за овој несекојдневен настан беше професорката по француски јазик во нашата гимназија, Мирјана Бошковска, која со своите ученици и овојпат ни приреди прекрасна помината вечер.

Фотографија: Горан Попоски


Објавено на: 23 Мар 2016

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија