МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Остани чист, не биди „муле“

 

Царинско куче на презентација во нашата гимназија

СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп се вклучи во активностите од Кампањата за последици од  неовластено производство, трговија и консумирање на дрога во организација на МОН и Царинска управа на РМ.

Група ученици од прва до четврта година, во присуство на  заменик директорот и стручната служба  во просториите  на училиштето, проследија  презентација со тема: Остани чист, не биди „муле“ и  имаа  можност  да  погледнат демонстрација  со царинско куче за откривање и пронаоѓање на дрога.

Реализацијата на двете активности кај учениците побуди голем интерес  и вклученост во дискусија за актуелната тема од презентацијата,  но посебно интересна им беше втората активност каде учениците беа „сведоци" на начинот на кој цариниците пронаоѓаат скриена дрога со царинско куче.


Објавено на: 11 Мар 2016

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија