Во организација на Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ од Скопје, а под покровителство на Министерството за образование на Република Македонија, на 04 април се одржаа регионалните натпревари „Наноматеријали - Материјали на иднината“ - 2015.
На натпреварот од Битолскиот регион, каде што припаѓа и нашата Гимназија, нашите ученици Елена Вандевска и Никола Момироски го освоија првото место. Тие во просториите на ТМФ во Скопје го презентираа својот проект пред комисијата составена од професори на факултетот.
Ментор на гимназијалците Никола и Елена им е проф. Ана Велјаноска.
Победниците од регионалните натпревари ќе ги измерат силите на државниот натпревар кој треба да се одржи во Струга.
Објавено на 05.04.2015
- Календар на неработни денови во 2017 година
- Заштита на личните податоци