МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Гимназијалки, учеснички во меѓународен проект

 

гимназијалки во Полска во Полска

   Во периодот од 16 до 24 ноември, во градот Елк во Полска, во организација на програмата за образование, обуки, млади и спорт „Erasmus+“ реализиран беше проектот "DeterminateYOUrself". Во реализацијата на проектот учествуваа вкупно 24 учесници (од кои и три тренери) од 10 држави и тоа: Македонија, Полска, Романија, Италија, Бугарија, Грција, Естонија, Словенија, Чешка и Литванија.

   Во проектот учествуваа и нашите ученици Анастасија Ристеска и Доротеа Дамјановска заедно со менторот, професорката Христина Манческа.
   Целта на проектот беше „Психогимнастика“ „Streetworking“ како алатка за помош на лицата отфрлени од заедницата, како и размена на искуства, знаење и информации поврзани со проблемите на лицата отфрлени од заедницата и наоѓање начини за решавање на истите.

работно во Полска проект во Полска

„Цело време ни беше исполнето со работилници каде имавме можност и самите да ги имплементираме истите методи прво на постари лица со помош од тренерите, а подоцна се поделивме во неколку групи каде ние бевме тренерите на истите методи.
Работевме со бездомници, зависници и деца од различни возрасти. Навечер имавме меѓусебни презентации за земјите учесници во проектот“
– велат учесничките во проектот.

сите од проектот нашите учснички во проектот

   На овој проект нашите ученички и менторот, успешно, меѓународно ги претставија нашата Гимназија, град и држава.

 


Објавено на: 29 Ное 2016

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија