МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

хрватско знаме  На македонски јазик

Во посета на Риека

 

Риека

Во рамките на проектот за претприемничко учење во организација на SEECEL, тим од нашата гимназија составен од проф. Весна Паноска – координатор на проектот, Кети Ефремоска – професор по англиски јазик, Димитар Ристески - изготвувач на финансискиот план и  проф.Николче Богданоски – раководител на тимот, реализира посета на Првата Сушачка Хрватска Гимназија во Риека.

Оваа гимназија од Риека исто така беше вклучена во проектот, а посетата беше со цел да се разменат искуствата за тоа како нашата Гимназија и како риечката Гимназија го имплементираа овој проект.

Тимот од нашата Гимназија беше пречекан од директорката на Првата Сушачка Хрватска Гимназија, г-ѓа Џудита Франко, координаторот на проектот, стручниот соработник Горан Грачанин, од професорскиот тим на гимназијата кој работел на проектот како и од претседателот на Ученичкото собрание Никола Бабиќ.

Претставниците од двете гимназии ги претставија своите училишта, се произнесоа по реализацијата на проектот и заеднички разгледуваа можности за тоа на каков начин би можело низ образованието да се мотивираат и охрабрат учениците да ги креираат и да ги реализираат своите бизнис идеи и планови.

Скромен подарок од нашата, за риечката гимназија

Оваа учебна година во Првата Хрватска Сушачка гимназија како изборен предмет за изучување воведен е Македонскиот јазик.

Македонски јазик во гимназијата во Риека

Потоа професорот по ликовна уметност Теодор де Канциани, низ подолга прошетка низ училиштето, ги запозна членовите на нашиот тим со историјатот, библиотеката, просториите и ретките материјални збирки на Сушачката гимназија.

Theodor de Canziani Дел од ретката материјална збирка нагледни сретства

Во училиштето Свечената сала во училиштето

Заедничка фотографија

Директорката на училиштето и професорот Теодор де Канциани за нашиот тим организираа и прошетка низ Риека со запознавање на најзначајните културно историски знаменитости.

Trsat Rijeka

Официјалната посета на Прва Сушачка Хрватска Гимназија во Риека се заврши со ветување за продолжување на соработката, возвратна посета од нивна страна на нашето училиште и учество во идни заеднички проекти.

Во рамките на оваа посета на Риека, нашата училишна делегација реализира средба и со претставници на Заедницата на Македонците во Република Хрватска во просториите на Културното друштво „Илинден“ од Риека.

Таму нашата делегација ја пречекаа претседателот на Заедницата на Македонците во Република Хрватска и претседател на Македонското друштво „Илинден“ г-дин. Илија Христодулов, г-дин Владо Настески - еден од основачите на МКД „Илинден“, г-дин. Илија Младенов - претседател на Македонската црковна општина „Св. Цар Константин и Царица Елена“, г-ѓа Ванѓа Калиќ – претседателка на Собранието на Македонското национално малцинство на град Риека и г-ица Ана Азеска – лектор по македонски јазик на Филозофскиот факултет во Риека. На средбата присуствуваше и директорката на Прва Сушачка Хрватска гимназија, г-ѓа Џудита Франко.

Во посета на Македонското културно друштво „Илинден“ од Риека Книги на македонски јазик за Македонците од Риека

Нашата делегација, за Македонците од Риека, остави десетина книги на македонски јазик донирани од Градската библиотека „Борка Талески“ и од НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп. Возвратно, од МКД „Илинден“ на нашата делегација им беше подарена литература и најновиот број од гласилото на Македонците во Република Хрватска „Македонски глас“.

По краткото претставување на нашата делегација, нашето училиште и нашиот град, со членовите на МКД „Илинден“ се разговараше за Македонија, за актуелните случувања, за животот во Риека и во Хрватска ... па дури се изнајдоа и роднински врски.

Заедничка фотографија

Со ветувањата за взаемна соработка меѓу нашата Гимназија и Македонците од Риека заврши посетата на МКД „Илинден“.

 

Благодарност до госпоѓица Ана Азеска, за преводот на статијата на хрватски јазик.


Објавено на: 18 Мар 2016

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија