Поголема група на ученици од нашата Гимназија заедно со професорката по хемија, Христина Манческа, ја посетија „Витаминка“.
Нашите ученици се запознаа со работата на хемиската лабораторија. Таму, директорот на контролно-развојната лабораторија, Натали Петреска и вработените во лабораторијата им го демонстрираа начинот на контрола на суровините, полупроизводите, производите и амбалажата во „Витаминка“.
Управникот на работната единица „Чоколада“ Силва Цветаноска, на учениците им ја претстави целокупната подготовка, производство и пакување на чоколадата.
„Витаминка“ секогаш е отворена за учениците од нашата Гимназија и секогаш им стои на располагање на професорите во функција на подобрување на наставниот процес и подготвување на идни кадри.
„Витаминка“ е општествено одговорна компанија, која во 2015 год. е добитник на националната награда за општествено одговорни практики.
Фотографија: ВИТАМИНКА
Објавено на 22.11.2015
- Календар на неработни денови во 2017 година
- Заштита на личните податоци