МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Посета од Италија

 

Посета на делегација од Италија

   Во четвртокот, 30.3.2017г., гимназијата „Мирче Ацев“ беше посетена од страна на италијанска делегација во рамките на проектот од програмата „Еразмус +“ финансиран од ЕУ. Овој проект се состои во набљудување на работното место од страна на наставници кои се вработени во основни и средни училишта од општина Пистоја, Италија. Координатор на овој проект беше професорката по англиски и италијански јазик Габриела Пацаноска, а посетата се одвиваше во организација на заменик-директорот на гимназијата Гоце Ѓоргиоски и педагогот Светлана Барлакоска.  
Италијанската делегација ја сочинуваа: Валентина Балди – професор по Италијански јазик, историја и географија; Сара Пассо – преофесор по италијански јазик; Франческа Маџџо – професор по математика и Џовани Баљони – професор по музичка култура.

   Делегацијата посети неколку часови во текот на денот и одблиску се запозна со организацијата на училиштето и начинот на работа.
   Гостите присуствуваа на час по географија кај проф. Виолета П. Велкоска, англиски јазик кај проф. Кети Ефремоска, историја кај проф. Николче Богданоски, ликовна уметност кај проф. Гордица Груеска, македонски јазик кај проф. Лидија Тошеска и спорт кај проф. Тони Атанасоски, при што ја посетија вештачката карпа, спортската сала, мултинаменското и тениското игралиште.
   Од страна на професорката по бизнис и претприемништво, Моника Илиеска, беше извршена презентација за работата на Младинската организација во гимназијата и изработка на бизнис-план за претприемништво.
   Учениците кои го изучуваат италијанскиот јазик имаа можност да одржат час со еден од гостите-наставници.

   По посетата на часовите наставниците од Италија беа на прием кај директорот Кире Николоски кој дополнително ги информираше за сите активности што се врзани за нашето училиште и за бројните успеси што ги постигнуваат нашите ученици и во земјава, и надвор од неа.

   Во неврзан разговор со нашите гости, дознавме дека тие се задоволни од она што можеа да го видат при набљудувањето на часовите и организацијата во работата на Гимназијата воопшто и ова беше одлична можност за размена на искуства меѓу наставниците од двете земји.


Објавено на: 03 Апр 2017

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија