Учениците од прва и втора година во нашата Гимназија, активно се вклучија во акцијата за пошумување. Тие заедно со своите класни раководители и професори од училиштето, во месноста Ореовец (Прилепско) засадија над 1200 листопадни садници. Со тоа, придонесоа за животната средина, за природата и за екологијата.
Акциијата имаше цел да ја разбуди свеста за зачувување на природата и да ги мотивира учениците во иднина да водат повеќе грижа за екологијата и животната средина.
Останатите ученици од трета и четврта година спроведоа еколошка акција во училишниот двор и во училишните простории.
Објавено на 02.12.2015
- Календар на неработни денови во 2017 година
- Заштита на личните податоци