МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Младите и сообраќајот

 

одговорност во сообраќајот

    Учениците од II-5 клас и заинтересирани ученици од другите класови, во понеделникот, на 08.05.2017 год. имаа невообичаен класен час. Наместо нивниот класен раководител, класниот час го одржа Роберт Божиновски, родител на Васко Божиновски од II-5 клас. Темата на часот беше „Младите и сообраќајот“.

   Г-дин Божиновски, работи како инструктор во автошколата „Современ возач“ во Прилеп и на една од родителските средби прифати да се вклучи во проектот на МОН „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“.

   Подготовките за одржувањето на ваквиот вид на класен час беа во организација на професорката Весна Михаиловска, а насоките за реализацијата на проектот ги даде училишниот педагог Светлана Барлакоска.
   Воведниот дел беше од професорката Весна Михаиловска  која го претстави гостинот кому му го препушти останатиот дел од часот.

   Часот беше замислен како дискусија за тоа колку младите ги познаваат сообраќајните правила како учесници во сообраќајот, како возачи на велосипеди, мотори и автомобили. Во дискусијата родителот-инструктор им појасни на учениците на која возраст можат да полагаат за возачка дозвола за автомобил а кога за возачка дозвола за мотор и законската регулатива околу тоа. Темата предизвика голем интерес кај учениците и тие имаа многу прашања за гостинот.
   При крајот на часот г-дин Божиновски ги потсети уште еднаш учениците на тоа што значи да се биде возач и дека секој возач сноси одговорност за себе но и за другите учесници во сообраќајот.


Објавено на: 23 Јун 2017

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија