На државното првенство во скијање во организација на федерацијата на училишни спортови кое се одржа во Маврово, нашите гимназијалци предводени од професорот по спорт, Даниел Василески постигнаа одлични резултати.
Поделени во категории од 1 и 2 година, 3 и 4 година во силна конкуренција од 150 учесници од цела Македонија нашите гимназијалци се закитија со три медали.
- Бистра Петреска, ученичка во прва година го освои второто место
- Александар Спиркоски, ученик во втора година се избори за третото место
- Михаела Кебакоска, ученичка во четврта година се закити со сребрен медал
За пофалба се и другите гимназијалци кои настапија на натпреваро, сите се покажаа како одлични скијачи, а на некои спортската среќа им го сврти грбот со надеж дека наредната година ќе се искачат на пиедестал.
Андреј, Христијан и Јована се пласираа на одличното четврто место. Нескромно е, а да не ги спомниме и Марио, Марко, Георги, Трајче, Теодора и Стефан.
Достојно ја претставивте нашата гимназија, вие сте пример за сите гимназијалци, сегашни и идни! Да се биде гимназијалец е гордост.
Големо БРАВО за сите !!!
Објавено на 27.02.2015
- Календар на неработни денови во 2017 година
- Заштита на личните податоци