МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Специјална награда за драмски лик

 

specijalna nagrada za drama

   Од 28-ми до 30-ти Април 2017 година, во Стара Загора, Р.Бугарија се одржа 24-от меѓународен театарски фестивал на француски јазик за ученици од средни училишта во кои се изучува францускиот јазик.
   На фестивалот учествуваа 10 средни училишта со свои театарски групи, со вкупно 70 ученици. Меѓу нив беше и Марија Митреска, ученичка во гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп.
   Таа на фестивалот настапи со монологот „Лора“ кој претставува композиција од фрагменти и реплики на женскиот лик од интегралниот драмски текст „Лора“ на авторот Маринко Шлакески.
   Монологот не беше критериум за учество, туку беше избор на нашата тетарска екипа која беше единствената на фестивалот која настапи со таква форма на драмско изразување. И токму монологот, кој е најтешката драмска форма за сценска изведба, на нашата Марија и ја донесе најпрестижната награда на фестивалот.

Стара Загора театар

   Марија Митреска доби СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА ЗА ДРАМСКИ ЛИК за улогата на Лора од драмскиот текст "Лора".
   Марија е одличен ученик, одлично го владее францускиот јазик и имаше брилијантен настап на фестивалот со што по сите критериуми заслужено ја доби оваа награда. Оваа награда е единствена и ексклузивно ја доделува градот Стара Загора.

   Автор на драмскиот текст и режисер на монологот е професорот по драмска уметност и англиски јазик Маринко Шлакески.

Гимназија екипа во Бугарија reziser Marinko Slakeski i Marija

   Покрај ученичката Марија Митреска, во нашата екипа беа проф. Маринко Шлакески и проф. по француски јазик Мирјана Бошковска која е ментор на Марија и координатор за учеството на фестивалот. Тие беа одлично примени и прифатени од организаторот, од техничкиот персонал и лично од директорот на народниот театар „Гео Милев“ г-дин Ивелин Керанов.

награда во Стара Загора за монологот Лора

   Организатори и покровители на настанот беа Француската Алијанса, Францускиот Институт, Парламентарната Асемблеја за Франкофонија на Р.Бугарија, Европска Информативна Мрежа на ЕУ - Europe Direct, Општина Стара Загора и "Zagora News"- Телевизиски канал на територија на областа Стара Загора.


Објавено на: 03 Мај 2017

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија