МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Работилница на англиски јазик

 

Работилница

   Саботата, на 23ти септември, Ангела Милошеска и Ана Петреска, ученички при СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп, организираа работилница насловена како „Teen Meet 2k17“ која беше целосно реализирана на англиски јазик.
   Работилницата беше одржана како дел од Caravan 2k17 кој се одржа во периодот од 11ти до 15ти септември во 5 градови во Република Македонија и тоа во Струга, Велес, Дојран, Штип и Гевгелија. На овие работилници целта беше учениците да се запознаат подобро со средношколските права, младинскиот активизам, демократијата, родова еднаквост и како да се зачува животната средина.
   Соочувајќи се секојдневно со проблеми во врска со животната средина, стереотипите и недоволната едуцираност за демократија и младински активизам, нашите гимназијалки првично решија доброволно да посетат една од работилниците која се одржа во Велес на 13ти септември за потоа да го споделат своето искуство со своите соученици.
   Присутите на работилницата покажаа голем интерес и дискутираа на сите теми.   Целта на работилницата беше да се подигне свеста кај младите за нивно активно учество во младински и невладини организации, за почитување на различностите во општествената заедница и надминување на стереотипите и за заштита на животната средина.

работилница на англиски rabotilnica po angliski

Stereotyps Stereotyps workshop

   Поради голема заинтересираност од страна на оние кои не биле дел од оваа работилница, работилниците продолжуваат да се одржуваат и во склоп на часовите по англиски јазик.


Објавено на: 27 Сеп 2017

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2017
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија