МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Иновативни методи во образованието

 

TIME Proect


   T.I.M.E.-Towards Innovative Methods in Education е проект на нашето училиште СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп во рамките на ERASMUS+ програмата, финансиски поддржан од Европска Унија и менаџиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
   Во проектот се вклучени 5 мобилности на наставници од нашата Гимназија. Мобилностите опфаќаат обуки за иновативни методи во образованието во Прага, Р. Чешка и Хелсинки, Финска.
   За избор на наставници учесници во проектот беше подготвен прашалник според критериумите на ERASMUS+ програмата. Анкетирани беа 11 наставници.
   Беше направено тестирање на наставниците за нивото на познавање на Англискиот јазик.
   Следеше составување на тим за реализација на овој проект. Тимот го сочинуваат професорите Марина Попоска која воедно е координатор на проектот, Анкица Стеваноска Јанческа, Кети Ефремоска, Николче Богданоски и Габриела Пацаноска.
   Во подготвителната фаза се одржуваа состаноци во просториите на училиштето и on-line состаноци, средби, договори и консултации преку skype група на тимот од T.I.M.E. проектот. На еден од тие состаноци, координаторот на проектот Марина Попоска пред останатите колеги од тимот на T.I.M.E. презентираше за модулите, целите и придобивките од обуките во странство со наслов „Innovative approaches to teaching“ како и за културните обележја на земјите - домаќин, Чешка и Финска.
   Во рамките на проектот, професорите Габриела Пацаноска и Николче Богданоски во периодот од 22 до 26 мај 2017г. престојуваа во Прага, каде присуствуваа на обуката со наслов „Innovative Approaches to Teaching“. На обука со ист наслов „Innovative Approaches to Teaching“, во периодот од 07 до 11 август 2017г учествуваа професорите: Марина Попоска, Анкица Стеваноска Јанческа и Кети Ефремоска.
   Професорите беа активно вклучени во реализацијата на обуката каде низ 10 модули, преку конкретни примери, на работилници и интерактивно учење ги дополнија своите знаења со иновативни пристапи во наставата за поттикнување на креативност, организирање проекти, интегрирање на учениците од малцинствата и користење на ИКТ како алатка за развој на критичко размислување.

Прага Чешка Прага 3 Чешка

   Обуката имаше за цел да го подобри наставниот потенцијал кај професорите во насока на зголемување на мотивацијата и интересот за учење кај учениците во наставниот процес.
   При реализацијата на модулите, во Прага беше посетено училиштето „Základní škola a Mateřská škola Červený vrch“, а организаторот за учесниците на курсот организираше туристичко разгледување на некои позначајни културно историски споменици од Прага. На обуката беа присутни наставници од Италија, Романија, Полска, Грција, Шпанија и двајцата претставници од нашето училиште.
   На обуката во Хелсинки, организаторот за учесниците на курсот организираше туристичко разгледување на некои позначајни културно историски знаменитости од градот.

TIME Proect Helsinki TIME Proect Helsinki

TIME Proect Helsinki TIME Proect Helsinki

   Во Хелсинки беа присутни наставници од Шпанија, Австрија, Турција, Чешка и Полска, како и трите наставнички од нашето училиште.
Ваквите проекти за учество на обуки во други европски држави финансиски поддржани од Европската Унија се од големо значење за наставниците, бидејќи со размена на искуства и обуки за нови методи и техники во наставата се подобрува нејзиниот квалитет, а воедно учениците се во тек со европските и светските тенденции во образованието.

TIME Proect Praga

TIME Proect Helsinki

   Повеќе информации има на следната врска:
   https://www.facebook.com/TIME-Towards-innovative-methods-in-education-1820090474918905/


Објавено на: 12 Сеп 2017

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2017
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија